Пеп ги прекрши сопствените правила во Норвешка: Ситуацијата овде е поинаква

Манчестер Сити отпатува во Норвешка за натпреварот од Лигата на шампионите, каде што ќе се соочи со норвешкиот шампион Боде/Глимт во седмото коло од најелитното клупско натпреварување.

Сепак, пред овој натпревар актуелните европски шампиони направија нешто што никогаш порано не го направиле под водство на Жузеп Гуардиола, тренираа на стадионот на домаќинот ден пред натпреварот.

Во последните години, многу европски гиганти ја посетија Северна Норвешка и останаа без бодови против Боде/Глимт на стадионот „Аспмира“. Ова се очигледно искуства што Пеп не ги игнорирал.

Почитта кон противникот беше толку голема што каталонскиот стручњак одлучи да отстапи од своите вообичаени принципи на подготовка. Така, целиот тим на Манчестер Сити, предводен од Ерлинг Халанд, излезе на пластичната подлога на „Аспмира“ во понеделникот вечерта, на температури под нулата и силен северен ветер. Сите играчи, освен Рајан Шерки, тренираа во долна облека.

Левиот бек на Сити, Нико О’Рајли, коментираше за студените услови во Норвешка.

„Студено е. Не сум навикнат на овие температури, но одиме на гостувања како Њукасл каде што може да биде слично. Тоа не треба да ни биде изговор“, рече О’Рајли на прес-конференцијата.

Потоа Гуардиола објасни зошто решил да тренира на теренот за натпреварот, иако тоа обично го избегнува.

„Првата причина е подлогата, таа е различна. Мора да видиме како топката отскокнува, како одат додавањата. Откако дојдов во Манчестер, никогаш не сме го правеле тоа. Но, тука мораше“, рече Пеп, додавајќи:

„Животот не е црвен тепих. Важно е колку брзо се прилагодувате на новите ситуации. Ако почнете да плачете за она што не можете да го контролирате, нема да го постигнете она што ние го постигнавме. Секогаш мора да барате можности.“

Пеп објасни дека обично избегнува тренинзи на стадиони ден пред натпревар бидејќи трошат премногу енергија.

„Во Барселона секогаш го правевме тоа и сфатив дека е губење време. Патување, логистика... не можевме да тренираме правилно. Но, тука ситуацијата е поинаква, мораше да го почувствуваме теренот за да не бидеме изненадени.“

Манчестер Сити би можел да обезбеди место меѓу осумте најдобри екипи во Лигата на шампионите со победа против Боде/Глимт, додека на норвешкиот тим му е потребен триумф за да ги одржи надежите за пласман во нокаут-фазата.

Натпреварот Боде/Глимт - Манчестер Сити се игра денеска од 18:45 часот, а пренос ќе има на Arena Premium 2.

реклама

Салатата од компири ќе биде повкусна ако додадете една едноставна состојка

Read more

УЈП затвори 25 објекти поради неиздавање фискални сметки

Read more

Роверот Perseverance испрати ново селфи од Марс

Read more

Рецепт за освежителен сок од цвет од багрем

Read more

Фудбал

Шпански медиуми: Мурињо веќе постигнал договор со Реал Мадрид

Read more

ФФМ потврди: На 1 јуни пријателска против Турција во Истанбул

Read more

Римското дерби конечно доби термин: В недела точно на пладне!

Read more

Мбапе удри по тренерот: Ми рече дека сум четврти напаѓач; Арбелоа: Не е вистина

Read more
 

Спорт

Шпански медиуми: Мурињо веќе постигнал договор со Реал Мадрид

Читај повеќе

Дубаи се заканува со повлекување од АБА лигата

Читај повеќе

ФФМ потврди: На 1 јуни пријателска против Турција во Истанбул

Читај повеќе
  • play_arrow

Синот на Пеџа Стојаковиќ се двоуми дали да игра за Србија или за Грција

Читај повеќе

Римското дерби конечно доби термин: В недела точно на пладне!

Читај повеќе

Мбапе удри по тренерот: Ми рече дека сум четврти напаѓач; Арбелоа: Не е вистина

Читај повеќе

Истрага ќе го одложи плејоф финалето за пласман во Премиер лигата

Читај повеќе
  • play_arrow

Синер го победи Рубљов и го сруши рекордот на Ѓоковиќ

Читај повеќе

УЕФА го казни Фенер: Пријавиле дека му плаќаат на Актурколу по 35 евра месечно

Читај повеќе