Легендарниот шпански тренер Пеп Гвардиола ја искористи приказната за разводот од сопругата Кристина Сера за дополнително да ги мотивира играчите на Манчестер Сити.
Пред неколку месеци, Гвардиола го напушти Манчестер Сити по девет години, а додека беше тренер на „Граѓаните“, се раздели и од сопругата Кристина.
Во новиот документарец на Prime Video насловен A Beautiful Obsession, кој ги следи последните две години на Гвардиола на чело на тимот, беше објавена снимка од разговорот на Гвардиола со неговите играчи. Ја раскажува приказната за неговиот развод, кој им го соопштил на играчите уште пред да стигне до медиумите.
„Луѓе, сакам да се исповедам. Се разведувам од најубавата жена на планетата. Мојата сопруга. Мојата поранешна сопруга. Ја сакам неизмерно! Но, ја изгубивме страста. Од многу причини, ја изгубивме страста. Дали ја сакам? Да, апсолутно. Дали таа ме сака? Да. Но, ја изгубивме страста“, им рекол Гвардиола на играчите на Сити во соблекувалната на стадионот „Алијанц“ за време на натпреварот од Лигата на шампионите против Јувентус.
'I'm divorced from the most beautiful woman in our planet': Heartbreaking moment Pep Guardiola reveals marriage breakdown to Man City stars in fly-on-the-wall Amazon Prime series https://t.co/o9X5HDjJIe
— Daily Mail Sport (@MailSport) August 18, 2026
Тој се обидел да го поврзе тоа со ситуацијата во фудбалот и да го сврти моментумот на играчите кои губеле во тие моменти. Сè се случи во 2014 година.
„Како играте фудбал? Затоа што само играте или затоа што имате нешто во себе? Каде е страста? Во животот, што и да правите, правете го со страст. Не сакам добри играчи. Сакам играчи со страст“, додаде шпанскиот стручњак.
Асистентот на Гвардиола, Манел Есиарте, откри дека играчите биле многу загрижени за состојбата на Пеп по разводот.
„Никогаш не морав да одам во соблекувалната за да разговарам со играчите, освен еднаш. Бидејќи беа загрижени бидејќи Пеп беше вознемирен. Тој беше тажен. Тој беше поинаков. И само јас ја знаев причината“, рече Есиарте за разводот на неговиот пријател Пеп Гвардиола.
A Beautiful Obsession е објавен ексклузивно на Prime Video во Велика Британија и Ирска на 19 август, а потоа и во остатокот од Европа.