ПРЕМИЕР ЛИГА 2025/2026

Пеп искрен: Судбината повеќе не е во наши раце

Фудбалерите на Манчестер Сити синоќа направија голем кикс во борбата за шампионската титула во англиската Премиер лига.

Тимот на Жузеп Гуардиола во 35-тото коло ремизираше 3:3 со Евертон, оставајќи ги „Граѓаните“ зо загубени два бода во ловот на Арсенал и покрај тоа што имаат натпревар помалку.

На крајот Сити дури и треба да биде задоволен со бодот оти до 83. минута губеше 3:1, а головите на Ерлинг Халанд во таа минута и на Жереми Доку во 90+7 спасија бод.

Remote video URL

По натпреварот, тренерот на Сити, Пеп Гуардиола, рече дека ќе продолжат да се подобруваат, но призна дека „нивната судбина сега не е во нивни раце“.

„Одигравме навистина добро прво полувреме. Во второто полувреме се искачија на повисоко ниво. Им дадовме гол, но откако се вратија во игра, го направија вистински англиски натпревар, со толку многу агресија во дуелите. Но, генерално игравме многу добро“, рече тој.

Каталонецот нагласи дека ќе продолжат да се борат додека не е готово.

„Гостувањата кај Евертон секогаш се тешки. Сега нашата судбина повеќе не е во наши раце. Имаме уште четири натпревари и ќе видиме што ќе се случи“, заклучи тој.

Remote video URL

Ова е голем неуспех за Сити, кои се пет бода зад Арсенал со натпревар помалку, што значи дека „Топчиите“ сега имаат сè во свои раце.

реклама

Која е Дара, Бугарката која победи на 70. Евровизија?

Read more

18-годишно момче убиено со пиштол во шума кај Сарај

Read more

Онколози препорачуваат што да појадувате за превенција од рак

Read more

3 хороскопски знаци влегуваат во период на луксуз и богатство

Read more

Фудбал

Алегри: Имам добри вести за Модриќ

Read more

Шаби Алонсо официјално е новиот тренер на Челси

Read more

AS: Балканскиот гениј нокаутиран, Милан во криза

Read more

Цените на билетите за Светско паѓаат, а бесот на навивачите не стивнува

Read more
 

Спорт

Алегри: Имам добри вести за Модриќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Судир на титанките: Борбата од 3 милиони долари меѓу Ронда и Џина траеше 15 секунди

Читај повеќе

Шаби Алонсо официјално е новиот тренер на Челси

Читај повеќе

AS: Балканскиот гениј нокаутиран, Милан во криза

Читај повеќе

Цените на билетите за Светско паѓаат, а бесот на навивачите не стивнува

Читај повеќе

Шпански медиуми: Мурињо веќе постигнал договор со Реал Мадрид

Читај повеќе

Дубаи се заканува со повлекување од АБА лигата

Читај повеќе

ФФМ потврди: На 1 јуни пријателска против Турција во Истанбул

Читај повеќе
  • play_arrow

Синот на Пеџа Стојаковиќ се двоуми дали да игра за Србија или за Грција

Читај повеќе