Пеп ја прашува ФА: Зошто Геи не може да игра за Сити во Лига куп финалето кога ние го плаќаме?

Манчестер Сити ќе игра против Арсенал во финалето на Лига купот на 22 март на Вембли, но нема да го има на располагање Марк Геи.

А, тоа е поради правилата. Имено, Геи пристигна во клубот по првиот полуфинален натпревар со Њукасл и немаше право да игра на реваншот синоќа, но нема право ниту во финалето! Од друга страна, Антоан Семенјо, второто големо засилување на Сити во јануари, веќе одигра натпревари и може да игра во борбата за трофејот.

Ситуацијата околу Геи беше и централна тема на разговорот меѓу новинарите и менаџерот на Сити, Жузеп Гуардиола, откако стигнаа до финалето.

„Зошто Геи не може да игра во финалето? Тој е наш играч, ние му даваме плата, го вработивме како наш играч, зошто сега да не може да игра во финалето? Правилата за купување играчи не зависат од мене. Зависат од ФИФА, УЕФА, Премиер лигата кои велат - трансфер прозорецот е отворен, можете да доведете играч. Тој треба да може да игра, нели? Можам да разберам зошто не можеше да игра денес, но во финалето, за два месеца?“, одговараше Пеп на прашањата.

Манчестер Сити ќе се обиде да лобира кај Фудбалската асоцијација (ФА) да му дозволи на англискиот репрезентативец да се појави во финалето, но каталонскиот стратег веќе го знае одговорот:

„Нема да ги променат пропозициите за Лига купот кои нам би ни оделе во прилог, но ќе се обидеме...“

Правилата за натпреварување се јасни и наведуваат дека „играч кој не бил регистриран за првиот полуфинален натпревар не може да игра до крајот на ова натпреварување“.

реклама

Знаете ли што претставува малата дупка што се наоѓа во речиси секој мијалник?

Read more

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Read more

Посебен режим на сообраќај во Центар поради трка

Read more

Симптоми што може да укажуваат на рак, а често се припишуваат на други здравствени проблеми

Read more

Фудбал

Кикс на Пелистер, нови победи за Охрид и Работнички

Read more

Крај на една ера: Португалија го објави првиот состав без Роналдо

Read more

Мауро Икарди очајнички сака да се врати во Серија А: Му се нуди на Интер, би се преселил и во Јуве

Read more

Инфантино му оддаде почит на Роналдо: Постигна подвизи што можеби никогаш нема да се повторат

Read more

Спорт

Кикс на Пелистер, нови победи за Охрид и Работнички

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ е незапирлив: Му даде 53 поени на Портланд за голем пресврт

Читај повеќе

Крај на една ера: Португалија го објави првиот состав без Роналдо

Читај повеќе

Хамилтон стои зад критиките кон Леклер: Никогаш нема да се извинам 

Читај повеќе

Мауро Икарди очајнички сака да се врати во Серија А: Му се нуди на Интер, би се преселил и во Јуве

Читај повеќе

Инфантино му оддаде почит на Роналдо: Постигна подвизи што можеби никогаш нема да се повторат

Читај повеќе
  • play_arrow

Кој е 17-годишниот вундеркинд кој доби повик од Клоп?

Читај повеќе

Недопирливо наследство: Засега никој нема да ја носи „десетката“ на Меси

Читај повеќе

Роналдо не сака ни проштален натпревар за Португалија

Читај повеќе