УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2024/2025 - ФИНАЛЕ

По 14 години ЛШ пехарот нема да заврши во Англија, Шпанија и Германија

Интер и Пари Сен-Жермен ќе се борат за трофејот во Лигата на шампионите на УЕФА на 31 мај во Минхен. Новиот формат и лигашката фаза со 36 клубови донесоа многу возбуда, спектакуларни натпревари и пресврти, така што по лигашката фаза до борба за пехарот дојдоа четвртопласираниот Интер и 15-топласираниот ПСЖ.

Интер последен пат го освои пехарот во 2010 година, а беше и последниот клуб што го крена трофејот без да доаѓа од Премиер лигата, Ла Лига или Бундеслигата!

Од тој натпревар на „Сантјаго Бернабеу“ и победата на „Нераѕурите“ над Баерн (2:0), шпанските клубови Барселона (2011, 2015), Реал Мадрид (2014, 2016, 2017, 2018, 2022, 2024), германскиот Баерн (2013, 2020) и англиските Челси (2012, 2021), Ливерпул (2019) и Манчестер Сити (2023) се искачија на врвот на Европа.

Последниот клуб надвор од топ 4 лигите (Англија, Шпанија, Италија, Германија) што ја освои Лигата на шампионите беше Порто, но пред 21 година. Таа 2004 година на „Ауфшалке Арена“ во Гелзенкирхен, „Змејовите“ го совладаа Монако со 3:0. А, единствениот француски клуб што стана европски шампион беше Олимпик Марсеј, во првата сезона од преминот на Купот на европските шампиони во Лигата на шампионите - 1993 година!

И Интер и Пари Сен-Жермен ќе дадат сѐ од себе за да го подигнат трофејот бидејќи во последните пет сезони двата клуба загубија по едно финале. За време на пандемијата на коронавирусот, ПСЖ загуби од Баерн (1:0) во 2020 година во чуден крај на „меурот“ на португалскиот „Да Луж“, а Интер беше поразен од Манчестер Сити во 2023 година во Истанбул, со истиот резултат.

Исто така, реткост е што во последните 6 финалиња победниците славеле без да примат гол: Ливерпул - Тотенхем 2:0, Баерн - ПСЖ 1:0, Челси - Манчестер Сити 1:0, Реал Мадрид - Ливерпул 1:0, Манчестер Сити - Интер 1:0, Реал Мадрид - Борусија Дортмунд 2:0.

За италијанскиот гигант ова ќе биде седмо финале, а досега има 3-3 скор. Титули освојуваше во 1964, 1965 и 2010 година, а беше поразен во 1967, 1972 и 2023. За парискиот клуб ова ќе биде само второ финале, по она неуспешното во 2020 година.

реклама

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

Read more

ЕУ воведува систем за следење на километражата на половните автомобили

Read more

Утре почнува тестирањето на камерите, на неколку локации во Скопје сообраќајот ќе биде запрен

Read more

Кинезите открија како најефикасно да извлекуваат злато од електронски отпад

Read more

Фудбал

Финалето на Африканскиот куп имаше и трето полувреме

Read more

Мароко и Сенегал вечерва го играат финалето на Африканскиот куп на нации

Read more

Касемиро мора да игра на секој натпревар до крајот на сезоната за нов договор

Read more

Новиот „LinkedIn менаџер“ на Челси ги иритира навивачите

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Финалето на Африканскиот куп имаше и трето полувреме

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ се врати на теренот и ги предводеше Лејкерс до победа

Читај повеќе

Мароко и Сенегал вечерва го играат финалето на Африканскиот куп на нации

Читај повеќе

Касемиро мора да игра на секој натпревар до крајот на сезоната за нов договор

Читај повеќе

Новиот „LinkedIn менаџер“ на Челси ги иритира навивачите

Читај повеќе

Дали Реал Мадрид ќе се извлече од кризата?

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларна презентација на болидот на Ред Бул

Читај повеќе

Шкендија ќе игра против Самсунспор во плејофот од Конференциската лига

Читај повеќе
  • play_arrow

Ловрен: Поразот во финалето на Мундијалот 2018 можеби беше политичка одлука

Читај повеќе