По свадба-тапани: Победничкиот гол на Сити не требаше да биде признат

Англиското тело за судии Pro Ref призна дека победничкиот гол на Манчестер Сити на дербито против Манчестер Јунајтед – со кој Сити обезбеди победа од 1:0 на „Олд Трафорд“ – не требаше да биде признат. Во соопштението објавено синоќа се потврдува дека дошло до „погрешна проценка“.

Од Pro Ref открија дека стапиле во контакт со Манчестер Јунајтед за да ја признаат грешката. Тие сметаат дека, во врска со голот на Ерлинг Халанд, ВАР-системот „требало да препорача преглед на снимката на самиот терен“. Како потсетник, судиите првично го поништија голот на норвешкиот напаѓач поради офсајд, но ВАР ја преиначи таа одлука. 

Судиите во ВАР-собата утврдија дека дефанзивецот на Јунајтед, Патрик Доргу, со својата положба го држи Халанд во дозволена позиција (не бил во офсајд). Сепак, проблемот бил кај Енцо Фернандес – играч на Сити кој се наоѓал во офсајд-позиција и се обидувал да стигне до топката пред таа да стигне до Халанд.

Иако Фернандес не ја допрел топката, неговото движење јасно влијаело врз реакцијата на дефанзивецот на Јунајтед, Лисандро Мартинес, по што Халанд постигнал гол на подалечната статива. Според правилата на играта, голот затоа не требало да биде признат. 

„По инцидентот во 60-тата минута од неделниот натпревар во Премиер лигата меѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити на ’Олд Трафорд‘, можеме да ја разјасниме ситуацијата околу признаениот гол на Ерлинг Халанд. Одлуката на судиите на теренот беше дека Ерлинг Халанд е во офсајд. ВАР го провери ова и утврди дека тој не бил во офсајд.

Во текот на истата фаза на напад, беше утврдено дека Енцо Фернандес не играл со топката – фактор што ја прави секоја повреда на правилото за офсајд субјективна. Сепак, во овој случај, ВАР не го идентификуваше веројатното влијание на неговата позиција врз играта и требаше да препорача преглед на снимката од терен.“

Pro Ref (Professional Game Referees) е телото задолжено за судење во англискиот фудбал, познато како PGMOL пред неговото ребрендирање ова лето. Организацијата ја предводи поранешниот судија од Премиер лигата, Хауард Веб, и таа го надгледува судењето во првите четири нивоа на машкиот фудбал, Националната лига (National League), Женската суперлига (WSL) и Премиер лигата 2 (за играчи до 21 година).

Во објава на платформата X, со која првично се објаснуваше зошто е признат голот, Premier League Match Centre наведе:

„ВАР ја провери одлуката на судиите да го поништат голот поради офсајд. Беше утврдено дека Халанд не бил во офсајд и беше дадена препорака да се признае голот“. ВАР исто така утврди дека Фернандес, иако бил во офсајд позиција, не играл со топката.“

Нагласувањето на фактот дека Фернандес не ја допрел топката се совпаѓа со снимката видена за време на проверката од ВАР, каде што судиите се обидувале да утврдат дали играчот од средниот ред на Сити остварил контакт. Сепак, правилото за офсајд јасно наведува дека играч може да биде во офсајд позиција и без да ја допре топката.

Ова се случува доколку тој попречува противник со тоа што го спречува да игра со топката или му го блокира видното поле, влегува во дуел со противник за топката, јасно се обидува да одигра со топка што е блиску до него – со што влијае врз противникот – или прави очигледно движење што јасно влијае врз способноста на противникот да игра со топката.

Remote video URL
реклама

Од 16 октомври Плутон веќе не е ретрограден: 3 хороскопски знаци ги чека голема среќа

Read more

Расте бројот на бракови со деца во Германија, податоците загрижуваат

Read more

Конзервирана риба што е поевтина од туната, а е многу здрава

Read more

Украински пратеник му порача на Зеленски: Оди во Москва или Минск и преговарај за мир

Read more

Фудбал

Новата изборна идеја на Инфантино: По 25 милиони за сите асоцијации

Read more

ФИФА ги менува правилата по скандалот со Балогун и црвениот картон

Read more

Киву за бламажата со Бриж: Правевме работи несвојствени за зрел, амбициозен и квалитетен тим

Read more

Касано безмилосно удри по Кристијано Роналдо: Станува предмет на потсмев

Read more

Спорт

Новата изборна идеја на Инфантино: По 25 милиони за сите асоцијации

Читај повеќе

ФИФА ги менува правилата по скандалот со Балогун и црвениот картон

Читај повеќе
  • play_arrow

Киву за бламажата со Бриж: Правевме работи несвојствени за зрел, амбициозен и квалитетен тим

Читај повеќе
  • play_arrow

Касано безмилосно удри по Кристијано Роналдо: Станува предмет на потсмев

Читај повеќе

Ужасни сцени дома го спречија голманот на Виљареал да игра против Наполи

Читај повеќе

Го одбиваа, сега го молат: Кој е дечкото што го „згази“ Интер? 

Читај повеќе
  • play_arrow

13 октомври во македонскиот фудбал: Историја во Крањ и бламажа во Андора

Читај повеќе

Швајцарците ќе градат стадион каков што светот досега нема видено

Читај повеќе

Меси одбра 10 таленти што ќе ја одбележат иднината на фудбалот

Читај повеќе