Почна обновата на Манчестер Јунајтед: Доаѓа засилување од 45 милиони евра

Манчестер Јунајтед го комплетираше својот прв договор во летниот преоден рок со потпишувањето на Едерсон (26) од Аталанта. 

Бразилскиот играч од средниот ред ќе пристигне на Олд Трафорд за надомест од 45 милиони евра (38 милиони фунти) и ќе потпише четиригодишен договор со клубот. Иако е постигнат договор, Едерсон официјално ќе се приклучи на тимот во јули. Потврдата за трансферот ја објави Фабрицио Романо околу полноќ.

Договорот е структуриран така што Јунајтед првично ќе плати 34 милиони фунти, а остатокот ќе биде исплатен во бонуси, објавува Daily Mail. 

Доведувањето на Едерсон е првиот чекор за тренерот Мајкл Карик во неговата најавена реконструкција на средниот ред. Едерсон се приклучи на Аталанта од Салернитана пред четири години за 23 милиони евра. Оттогаш, тој постигна 16 гола и асистира на шест во 180 натпревари. Тој има три настапи за Бразил.

Раководството на Јунајтед сакаше да го обезбеди трансферот што е можно порано, поради што испрати делегација во Италија за да преговара не само за Едерсон, туку и за други потенцијални засилувања. 

Дека заминувањето на Едерсон од Аталанта беше само прашање на време стана јасно минатиот месец кога тој беше изоставен од почетниот состав за последниот натпревар од сезоната против Фиорентина.

Тогашниот тренер, Рафаеле Паладино, потврди дека станува збор за одлука поврзана со трансферот. 

„Одлуката дека Едерсон нема да игра ја донесовме заедно. Преговорите се во тек на пазарот. Фактот дека го следи толку важен клуб треба да биде извор на гордост за нас“, рече Паладино.

Со доаѓањето на Едерсон, преодниот рок за Јунајтед само што започнува. 

Фабрицио Романо истакнува дека Касемиро и Мануел Угарте го напуштаат Олд Трафорд, поради што Јунајтед има намера да доведе барем уште еден играч од средниот ред ова лето. 

Тој исто така бара напаѓач, засилувања на позициите на бекови и дополнителна конкуренција меѓу голманите.

реклама

Животот се менува на подобро за 3 хороскопски знаци до крајот на јуни

Read more

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Read more

Јамал конечно откри зошто секогаш носи завој на раката

Read more

Колку ќе ве чини само да го однесете Mercedes-AMG One на редовен сервис?

Read more

Фудбал

Кристијан Ериксен повторно го оживуваа на терен среде натпревар

Read more

Италијанците сигурни: Манчини ќе биде новиот селектор, договорено е

Read more

Мундијалски приказни: Дали Тито навистина продал натпревар на Светско за 700 милиони марки?

Read more

Јамал конечно откри зошто секогаш носи завој на раката

Read more

Спорт

  • play_arrow

Кристијан Ериксен повторно го оживуваа на терен среде натпревар

Читај повеќе

Италијанците сигурни: Манчини ќе биде новиот селектор, договорено е

Читај повеќе
  • play_arrow

Мундијалски приказни: Дали Тито навистина продал натпревар на Светско за 700 милиони марки?

Читај повеќе

Јамал конечно откри зошто секогаш носи завој на раката

Читај повеќе
  • play_arrow

Напаѓачот на Ирак 7 часа бил испрашуван на аеродромот во Чикаго

Читај повеќе

Робин ван Перси доби отказ

Читај повеќе
  • play_arrow

Флорентино Перес победи на претседателските избори во Реал и објави: Жозе Мурињо е наш нов тренер

Читај повеќе

Два клуба од Премиер лигата во трка да го потпишат најскапиот Италијанец во историјата

Читај повеќе

Бразил без Нејмар посилен од Египет, Аргентина победи без Меси

Читај повеќе