Почнува новата бајка за Џејми Варди, во градот на виолините

Џејми Варди за прв пат во својата кариера ќе игра надвор од Англија откако синоќа потпиша со калчолигашот Кремонезе.

Џузепе Гуарнери, Антонио Страдивари, Франческо Руџери, Винченцо Руџери и Џејми Варди. Тоа се најпознатите личности на Кремона. Sекако, сите освен последниот се лутиери, односно производители на виолини и други жичени инструменти, како виолончела, гитари и харфи.

Варди со популарните „Гриџороси“ потпиша едногодишен договор до 30 јуни 2026, со опција да се продолжи за уште една година.

На 38 години (во јануaри ќе полни 39), ветеранот голгетер прв пат во својата кариера ќе игра надвор од Островот и тоа не било каде, туку во Серија А. Претходно 13 сезони мина во Лестер Сити, а играше и за Флитвуд Таун, Халифакс Таун и Стоксбриџ Парк Стилс.

Еден од најпознатите играчи во поновата историја на англискиот фудбал, Варди ја започна својата кариера во не-лигата пред да се пресели во Лестер и, против сите очекувања, ја освои Премиер лигата во сезоната 2015/2016 со 24 голови и 7 асистенции во 36 натпревари. Настап што му ги донесе титулите Фудбалер на годината и Играч на сезоната (награда за играч на годината на FWA и играч на сезоната на Barclays), а воедно го запиша и Гинисовиот рекорд за најмногу последователни постигнати голови во англиската прва лига (11).

А, пак, Кремонезе е стар клуб, формиран пред 122 години во 1903 година. Не може да се пофали со некои успеси, а само 16 пати играл во италијанската елита, од кои последните двапати се сезонава и пред две години. Покрај „Гриџороси“ според сино-црвените дресови, ги викаaт уште и „Виолини“.

Кремонезе игра на стадионот „Џовани Ѕини“ со капацитет од само 15.191 седиште, а се наоѓа во градот Кремона во Ломбардија, Северна Италија, сместен на левиот брег на реката По во средината на истоимената долина. Брои околu 71.200 жители.

реклама

Украина останува без ракети Patriot; Венс: Горд сум што ја прекинавме помошта

Read more

На езерско дно пронајдени 1.000 совршено сочувани римски артефакти

Read more

21 април носи финансиски пресврт за три хороскопски знаци

Read more

Погледнете како кинеските AI хуманоидни роботи извршуваат производствени задачи

Read more

Фудбал

Сан Марино пишува историја: Конечно состави сениорска женска репрезентација

Read more

Симеоне: Мојот кошмар беше Роналдо, не ме плаши Јамал со неговите трикови

Read more

Рафиња удри по судиите, УЕФА му подготвува жестока казна

Read more

Пујол бесен: Ако судиите сакаат да бидат ѕвезди на вечерта, нека одат во циркус

Read more
 

Спорт

Тренерот на Минесота во неволја: Не знам како да го чуваме Јокиќ

Читај повеќе

Сан Марино пишува историја: Конечно состави сениорска женска репрезентација

Читај повеќе
  • play_arrow

Симеоне: Мојот кошмар беше Роналдо, не ме плаши Јамал со неговите трикови

Читај повеќе

Ѓоковиќ ќе игра на мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Рафиња удри по судиите, УЕФА му подготвува жестока казна

Читај повеќе
  • play_arrow

Пујол бесен: Ако судиите сакаат да бидат ѕвезди на вечерта, нека одат во циркус

Читај повеќе

Усик го избра фаворитот: Џошуа или Фјури?

Читај повеќе
  • play_arrow

Заврши мундијалскиот сон за Екитике

Читај повеќе

AS: Паника во Арсенал

Читај повеќе