КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2026 КАНАДА/САД/МЕКСИКО

Полиција изврши рација на квалификациски натпревар за СП за да уапси фудбалер

Макфакс/Кајгана
/ 14.10.2025 / 12:09

Крајно бизарна и речиси неверојатна сцена беше видена ноќта од недела кон понеделникот на натпреварот од квалификациите во зоната КОНКАКАФ за Светското првенство 2026 помеѓу Костарика и Никарагва.

Непосредно пред почетокот на натпреварот на стадионот „Ла Сабана“ во Сан Хосе, полицијата влезе во соблекувалната со налог за апсење на фудбалер на Никарагва.

Фудбалерот бил упасен поради неплаќање алиментација, што подоцна го потврди и директорот за јавна безбедност на Костарика, Марлон Кубиљо.

„Од лицето кое бара алиментација е добиена судска наредба, со која се наредува апсење на член на никарагванската делегација. Делегацијата е известена, долгот е платен и извештајот е испратен до семејниот судија“, изјави Кубиљо.

Фудбалерот на крајот не бил уапсен бидејќи долгот бил веднаш намирен, а полицијата се повлекла.

Идентитетот на играчот не е објавен, но целата ситуација одекна во јавноста и сега никарагванскиот табор најавува тужба.

„Во Костарика сме повеќе од 48 часа, па зошто доаѓаат во соблекувалната? Ќе поднесеме жалба до ФИФА и КОНКАКАФ. Срамно е што се случуваат вакви работи“, рече Хавиер Салинас, директор на сите репрезентации на Никарагва.

На крајот, Костарика го доби овој натпревар со 4:1 и сега е израмнета на првото место со Хондурас, со по 6 бодови. Никарагва е на дното со само еден бод. Првопласираниот ќе обезбеди директен пласман на Мундијалот, додека второпласираниот ќе оди во интерконтиненталниот бараж доколку биде еден од двата најдобри второпласирани.

Тагови
реклама

10.10 е магичен датум за три хороскопски знаци 

Read more

Рецепт за највкусната салата од зелка

Read more

Левица: Партијата која ги распродаде фабриките и остави илјадници стечајци не може да држи лекции за минимална плата

Read more

Volkswagen ги послуша критиките на возачите

Read more

Фудбал

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Read more

Обвинителството откри нови шокантни детали за последните денови од животот на Марадона

Read more

Кој е најлошиот селектор на Македонија? Седлоски галопира кон преземање на приматот

Read more

Мурињо се потсмева на случајот со Манчестер Сити: Ќе имам 80 години кога ќе донесат пресуда

Read more

Спорт

  • play_arrow

Медведев оди понатаму во Шангај по дисквалификацијата во Пекинг

Читај повеќе

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Читај повеќе

Обвинителството откри нови шокантни детали за последните денови од животот на Марадона

Читај повеќе

Кој е најлошиот селектор на Македонија? Седлоски галопира кон преземање на приматот

Читај повеќе

Мурињо се потсмева на случајот со Манчестер Сити: Ќе имам 80 години кога ќе донесат пресуда

Читај повеќе

Барди: Ова не е крајот на нашата приказна, ќе се вратиме!

Читај повеќе

Актуелниот МВП во НБА стана косопственик на мадридски Атлетико

Читај повеќе

Се решава најголемиот правен преседан во фудбалот: Кој е шампион на Африка?

Читај повеќе

Џака осуден поради лажен ковид-сертификат, но нема да оди в затвор

Читај повеќе