Понудата на Сити за Јамал е најголемата во историјата на фудбалот

Шпанските медиуми утринава ја пренесоа сензационалната вест за интересот на Манчестер Сити за Ламине Јамал, односно за висината на понудата што се подготвени да ја платат на „Етихад“ за шпанското чудо од дете.

Ламине Јамал на 17 години прави чуда на фудбалските терени, а неговите настапи во Барселона се потврда дека одличниот настап на Европското првенство во дресот на Шпанија не беше случајност.

Иако младиот фудбалер во неколку наврати потенцираше дека не планира да ја напушти Барселона, и дека таму сака да се стекне со статус на легенда, понудата за која зборуваат Шпанците утрово, а која пристигнува од Манчестер Сити, би можела да го натера на размислување.

Ако им се верува на шпанските медиуми, Манчестер Сити подготвил понуда од 275 милиони евра за Јамал. Тоа би бил апсолутен рекорд во светот на фудбалот.

Шпански Fichajes пренесува дека на „Етихад“ се заинтересирани за Јамал и дека го гледаат како проект за следната деценија и повеќе. За неговите услуги се заинтересирани уште неколку клубови, но нивните финансиски можности не се ни блиску до оние на Манчестер Сити.

Иако ниту Барселона нема намера да го продаде, финансиските проблеми во последните години би можеле да бидат заборавени во случај на продажба на Јамал за 275 милиони евра. Ова би решило многу прашања на „Камп Ноу“ и клубот нема да биде во ситуација да не може да регистрира играчи како Дани Олмо оваа сезона.

Инаку, најголемиот трансфер во историјата на фудбалот е тој на Нејмар од Барселона во Пари Сен Жермен за 222 милиони евра. Следат Килјан Мбапе (Монако - ПСЖ) за 180 милиони евра и Филипе Кутињо (Ливерпул - Барселона) за 135 милиони евра. Јамал далеку би ги надминал сите во случај на продажба.

реклама

10 август е краен рок: Дали ги заштитивте вашите фотографии на Google Photos?

Read more

Британскиот премиер доби интересен предлог: Европска конфедерација што би ја вклучила и Македонија

Read more

Венера затвора тешко поглавје за 3 хороскопски знаци на 10 август

Read more

Ќе почне ли распаѓањето на Канада? Сепаратистите во Алберта во октомври ќе одржат референдум

Read more

Фудбал

Барса ја одби првата понуда на ПСЖ за Феран Торес вредна 50 милиони евра

Read more

Камбек на една од најголемите икони на англискиот фудбал

Read more

Ерлинг Халанд на јахта стана туристичка атракција

Read more

Голема фрустрираност во Милан: Мeњан и Рабјо си го продолжиле одморот пред почетокот на Серија А

Read more

Спорт

Барса ја одби првата понуда на ПСЖ за Феран Торес вредна 50 милиони евра

Читај повеќе

Камбек на една од најголемите икони на англискиот фудбал

Читај повеќе
  • play_arrow

Ерлинг Халанд на јахта стана туристичка атракција

Читај повеќе

Голема фрустрираност во Милан: Мeњан и Рабјо си го продолжиле одморот пред почетокот на Серија А

Читај повеќе

Здружена офанзива против Инфантино и ФИФА: Чиј е фудбалот?

Читај повеќе

Џеф Безос купува голем дел од Ливерпул

Читај повеќе

Вардар се раздели со аргентинскиот тренер

Читај повеќе

Премиер лигата е бисер за економијата: Носи 33 милијарди фунти и 107.000 работни места

Читај повеќе

Шокантна одлука: Пеп решил да се пензионира!?

Читај повеќе