КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2026 КАНАДА/САД/МЕКСИКО - БАРАЖ

Повратникот Николов: Притисокот е кај Данска, ние одиме по изненадување

Филип Здравески
/ 23.03.2026 / 15:13

По три и пол-годишна пауза назад во репрезентацијата е играчот од средниот ред Бобан Николов. Тој смета дека притисокот на баражот е кај Данците, а Македонија нема што да изгуби.

Повратникот во редовите на Вардар нема играно во дресот со националните бои од оној пријателски пораз од Азербејџан среде Скопје на 20 ноември 2022 година.

Новиот селектор Гоце Седлоски, кој истовремено е и тренер на Вардар, го врати Николов во репрезентацијата токму за мундијалскиот бараж против Данска.

„Сите знаеме што значи да се игра за репрезентација. Тоа не може да се спореди со ништо, играш за својата држава и ја претставуваш. Се надевам дека ќе биде одлично и дека со моето искуство, заедно со сите во тимот, ќе придонесам да стигнеме до посакуваната цел“, вели Николов.

Данците важат за фаворите, играат дома пред својата публика, а нивниот скап состав со играчи што играат во големите лиги делува застрашувачки. Но, натпреварот почнува од 0:0.

„Искрено верувам дека можеме. Нормално е да се надеваме, а ако ни е денот, можеме и да изненадиме. Сите веруваме и дојдовме тука со таа цел. Нема да се предадеме, ако сите одиграме на највисоко ниво, можеме да сонуваме за пласман. Прво размислуваме за Данска, тоа е најважниот натпревар. Притисокот е на нивна страна, а ние немаме што да изгубиме, можеме само многу да добиеме. Ќе влеземе смирено, ќе го оставиме срцето на терен, па што биде нека биде.“

Предност за играчите како Николов што доаѓаат од скопски Вардар е тоа што за нив ова не се први тренинзи со новиот селектор, бидејќи веќе работат под негова палка на клупско ниво.

„Селекторот носи агресија и силна мотивација. Знае како да ги поттикне играчите и мислам дека тоа е голем плус за нас. Ако таа енергија се пренесе на терен, можеме многу да постигнеме.“

31-годишниот Николов за Македонија има одиграно 48 настапи и постигнато 4 голови и го очекува својот јубилеен 50-ти настап.

Remote video URL
реклама

Метеорит што проби покрив на куќа во Њу Џерси би можел да содржи индиции за потеклото на животот

Read more

Зошто повеќето денешни бензинци имаат 1,5 турбо мотор: Не е случајно

Read more

Реал ќе го сруши светскиот рекорд: Подготвиле понуда за Олисе

Read more

Урнал ѕид од подрум поради исчезнати кокошки, а зад него пронашол град стар илјадници години

Read more

Фудбал

Пред 10 години младиот Енцо со емотивна порака го врати Меси од репрезентативна пензија

Read more

Клоп го брани Тухел: Лесно е отпосле да се критикува, фудбалот не е толку едноставен

Read more

Целосна американизација на Светското: ФИФА ќе додели шампионски прстени на финалето

Read more

Историја за Словенија! Славко Винчиќ се расплака кога му кажаа дека ќе го суди финалето

Read more

Спорт

Пред 10 години младиот Енцо со емотивна порака го врати Меси од репрезентативна пензија

Читај повеќе

Формула 1 го казни шампионот – Норис губи 10 позиции

Читај повеќе

Клоп го брани Тухел: Лесно е отпосле да се критикува, фудбалот не е толку едноставен

Читај повеќе

Целосна американизација на Светското: ФИФА ќе додели шампионски прстени на финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Историја за Словенија! Славко Винчиќ се расплака кога му кажаа дека ќе го суди финалето

Читај повеќе

Војдан Стојановски: Имаме шанса за следниот чекор, но мора да бидеме максимално подготвени

Читај повеќе

Реал ќе го сруши светскиот рекорд: Подготвиле понуда за Олисе

Читај повеќе

Основале клуб во тајност, на првиот меч отишле пеш, а сè започнало поради една љубов

Читај повеќе

Додека сите играат за милиони, Халанд и пријателите избраа еднаквост со дамите

Читај повеќе