Жрепката за Лигата на шампионите за новата сезона е закажана за денеска на во „Грималди Форум“ во Монако.
Со одигрувањето на последните реванш натпревари оф плејофот синоќа се добија и последните учесници во новата сезона 2025/2026.
УЕФА ги објави и барабаните пред жрепката, која ќе се одржи денеска во 18:00 часот.
Барабан 1
- Пари Сен Жермен
- Реал Мадрид
- Манчестер Сити
- Баерн
- Ливерпул
- Интер
- Челси
- Борусија Дортмунд
- Барселона
Барабан 2
- Арсенал
- Баер Леверкузен
- Атлетико
- Бенфика
- Аталанта
- Виљареал
- Јувентус
- Ајнтрахт
- Клуб Бриж
Барабан 3
- Тотенхем
- ПСВ
- Ајакс
- Наполи
- Спортинг
- Олимпијакос
- Славија
- Боде/Глимт
- Марсеј
Барабан 4
- Копенхаген
- Монако
- Галатасарај
- Карабах
- Унион Сен-Жилоаз
- Атлетик
- Пафос
- Каират
- Њукасл
Како и во претходната сезона, секој клуб ќе одигра 8 натпревари, 4 дома и 4 на гости, по што осумте најдобри екипи ќе се пласираат директно во осминафиналето, додека екипите рангирани од 9-то до 24-то место ќе играат за место меѓу 16-те најдобри екипи на Стариот континент.
Екипите рангирани од 25-то до 32-то место ќе ја завршат својата европска кампања во оваа фаза од натпреварувањето.
Актуелен европски шампион е Пари Сен-Жермен, кој го победи Интер со 5:0 во финалето минатата сезона.
Жрепката за Лигата на шампионите е закажана за денес, со почеток во 18:00 часот, со пренос во живо на Arena Premium 1.
Првото коло е закажано за 16-18 септември, а последното коло од осумте е закажано за 28 јануари 2026 година.