Доаѓањето на Марко Арнаутовиќ во Црвена звезда претставува вистинска бомба во српскиот фудбал, а сега се појавија и деталите од договорот.
Арнаутовиќ ќе потпише двегодишен договор со српскиот шампион, а австриски Sky ја открива и неговата плата во новиот клуб.
36-годишниот напаѓач ќе заработува 2,5 милиони евра нето по сезона.
Се очекува тој да пристигне во Белград во понеделник и да го потпише договорот.
Во својата кариера играше за Твенте, Вердер, Стоук, Вест Хем, Шанхаи СИПГ, Болоња, Интер, а негова следна станица ќе биде Црвена звезда од Белград.
Одигра 125 натпревари за австриската репрезентација и постигна 41 гол.