ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2026 КАНАДА/САД/МЕКСИКО

Пред 10 години младиот Енцо со емотивна порака го врати Меси од репрезентативна пензија

На 26 јуни 2016 година Лео Меси го објави своето повлекување од репрезентативниот фудбал откако Аргентина втора година по ред загуби од Чиле во финалето на Копа Америка.

Критиките кон Лионел Меси го допреа дното тоа лето 2016 година. Претходната година Аргентинците во финалето на Копа Америка во Чиле загубија на пенали од домаќините. По 120 минути без голови, Чилеанците победија со 3:1 откако за Аргетина само Меси погоди, а промашија Гонсало Игуаин и Евер Банега.

Веќе наредната 2016 година во САД се играше јубилејното издание на Копа Мерика, наречено Сентенарио, по повод 100-годишнината на ова првенство. И повторно во финалето се најдоа Аргентина и Чили, и повторно по 120 минути немаше голови. Во пенал-серијата овој пат Меси прв промаши, а откако утна и Лукас Биглиа славеа Чилеанците со 4:2.

Тој втор финален пораз беше капакот што ја прели чашата откако Меси и Аргентина претходно во 2014 година го загубија и финалето на Светското првенство во Бразил. Тогаш со 1:0 славеше Германија. Три загубени финалиња за три години. Меси се повлече од репрезентацијата.

Ден подоцна, на 27 јуни 2016, едно 15-годишно момче со голем сон да стане фудбалер, а по име Енцо Фернандес, му напиша долго писмо на Меси, барајќи од него да ја преиспита својата одлука и да се врати во националниот тим.

Дали писмото допринело Меси да се врати, или е само убава аргентинска приказна, ќе остане мистерија. Но, едно е сигурно, Енцо заигра за Аргентина во 2022 година и веднаш со Меси го освои Мундијалот во Катар, а сега в недела двајцата по вторпат ќе играат заедно во боите на Аргентина на едно мундијалско финале.

Целото писмо:

„Како можеме да те убедиме, кога ние не сме ништо во споредба со она низ што поминуваш?

Како можеме да те убедиме, кога никогаш не сме доживеале ниту еден процент од притисокот што го носиш на твоите рамена?

Се будиш секое утро, се гледаш во огледало и знаеш дека повеќе од четириесет милиони луѓе не само што сакаат да правиш сè совршено, туку смешно си земаат за право дека можат да го бараат тоа од тебе.

Како можеме да те убедиме, кога не успеавме да разбереме дека пред сè си човечко суштество?

Да, поседуваш талент различен од сè што сме виделе досега. Ти си најдобриот играч на планетата. Но, на крајот, сепак си човек.

Како можеме да те убедиме, кога никогаш не сме застанале ниту за момент да сфатиме дека не си одговорен за гневот што го чувствуваме кога губиме? Дека, најчесто, нашиот гнев е поврзан со нашите лични фрустрации повеќе отколку со тебе.

Да се ​​погледнеме себеси во огледало и да се прашаме: Дали бараме барем еден процент од она што го бараме од овој млад човек кого дури и не го познаваме?

Како можеме да те убедиме, кога не успеваме да видиме дека целиот свет те фали, додека ти можеше да лежиш на плажа за време на одморот? Наместо тоа, ти избра да бидеш тука, да трчаш, да ги носиш боите на нашата земја и да ја претставуваш, само за ние да се опседнаме со тоа дали трчаш доволно или ја пееш националната химна.

Прави што сакаш, Лионел, но те молам, размисли за останување.

Остани за да можеш да уживаш, бидејќи тоа е она што луѓето ти го одзедоа. Во свет исполнет со бесмислен притисок, тие успеаја да ти го одземат најубавото нешто во врска со оваа игра... радоста.

Кога беше дете, сигурно си сонувал да ја претставуваш својата земја и да уживаш во фудбалот. Да те видам како носиш бело-небесносин дрес е најголемиот извор на гордост што го имаме на овој свет.

Играј за радост, бидејќи кога уживаш, не можеш ни да замислиш колку радост ни даваш на сите нас.

Благодарам и извини...“

реклама

Макарони во рерна на грчки начин

Read more

Прогласена епидемија на западнонилска треска во 5 општини и неколку населби во Скопје, еден пациент почина

Read more

Младата Месечина во Лав на 12 август носи среќа за 3 хороскопски знаци 

Read more

Зошто Велика Британија се откажа од брод со злато вредно 5,5 милијарди фунти?

Read more

Фудбал

Роналдо до Меси: Голема прегратка

Read more

Тотенхем ја прифати понудата на Интер од 31,5 милиони евра за Спенс

Read more

ПСЖ и Астон Вила вечерва во битка за Суперкупот на УЕФА

Read more

86 килограми марихуана најдени во автобусот на култен фудбалски клуб

Read more

Спорт

Роналдо до Меси: Голема прегратка

Читај повеќе

Тотенхем ја прифати понудата на Интер од 31,5 милиони евра за Спенс

Читај повеќе

ПСЖ и Астон Вила вечерва во битка за Суперкупот на УЕФА

Читај повеќе

86 килограми марихуана најдени во автобусот на култен фудбалски клуб

Читај повеќе

Мбапе го прекинува партнерството со брендот што го спонзорираше од 8-годишна возраст

Читај повеќе

Мареска објасни зошто Халанд никогаш нема да биде капитен додека тој го води Сити

Читај повеќе

Комплетирани сите двојки за плејоф квалификациите за ЛШ

Читај повеќе

Алварес одбива да тренира со Атлетико Мадрид: Не сметајте на мене

Читај повеќе

Меси прави пауза од фудбалот на неодредено време

Читај повеќе