Пред 4 години играа во четврта лига, сега ќе бидат бундеслигаши

Макфакс/Кајгана
/ 18.05.2026 / 18:34

За прв пат во историјата, играчите на Елверсберг изборија пласман во Бундеслигата, откако го декласираа Минстер со 3:0 во натпреварот од последното 34. коло од 2.Бундеслига. Елверсберг го обезбеди второто место на табелата зад Шалке 04.

Клубот, основан во 1907 година, е од градот Шпизен-Елверсберг, кој има само 13.000 жители, и игра на стадион кој собира 10.000 навивачи, што го прави еден од најмалите клубови што некогаш играле во Бундеслигата.

За прв пат во историјата, Елверсберг обезбеди пласман во втората Бундеслига 2 во 2023 година, а сега успеа да се пласира и во елитниот ранг на германскиот фудбал.

Во својата историја, помина најмногу време во аматерскиот ранг на германскиот фудбал, а во еден момент клубот играше во седмата лига.

Овој клуб ја освои четвртата лига Југозапад во сезоната 2021/2022 година, а само една година подоцна обезбеди пласман во повисок ранг и за прв пат во историјата се пласираше во втората лига, три години подоцна да освои место меѓу најдобрите.

Третопласираниот Падерборн ќе игра против Волфсбург, кој заврши на 16. место во Бундеслигата, во баражот за пласман во елитата.

Фортуна од Диселдорф и Минстер испаднаа во третата лига. Гројтер Фирт ќе игра бараж за опстанок против Есен, третопласиран од третата лига.

реклама

Дали петок 13 ноември 2026 ќе биде „Судниот ден“?

Read more

Пилешките стекови ќе бидат посочни ако додадете една состојка пред готвењето

Read more

Сепаратистичка партија победи на изборите во Квебек и најави референдум за отцепување

Read more

Што се случува со крвниот притисок кога пиете повеќе вода?

Read more

Фудбал

Последно танго за вечноста: Меси во солзи се збогуваше со Аргентина

Read more

Муслиу: За успех мора сите да учествуваме дефанзивно

Read more

Седлоски: Не дојдовме само да го одиграме натпреварот

Read more

Бенин има урнебесен тактички план за Меси на збогувањето: Не го чуваме, само ќе уживаме

Read more

Спорт

  • play_arrow

Последно танго за вечноста: Меси во солзи се збогуваше со Аргентина

Читај повеќе

Седум земји во трката за домаќин на Олимписките игри 2036 

Читај повеќе

Муслиу: За успех мора сите да учествуваме дефанзивно

Читај повеќе

Седлоски: Не дојдовме само да го одиграме натпреварот

Читај повеќе

Евролигата ја одби понудата од НБА

Читај повеќе
  • play_arrow

Јаник Синер објави крај на сезоната

Читај повеќе

Бенин има урнебесен тактички план за Меси на збогувањето: Не го чуваме, само ќе уживаме

Читај повеќе

Ѓоковиќ: Кога ќе ги решам здравствените проблеми, не гледам проблем да стигнам до ОИ во Лос Анџелес

Читај повеќе

Португалски новинар тврди: Роналдо не сака да игра за репрезентацијата додека Жорже Жезуш е селектор

Читај повеќе