Премиер лигата обезбеди 5 екипи во Лигата на шампионите

Макфакс/Кајгана
/ 08.04.2026 / 12:41

Премиер лигата ќе има најмалку 5 претставници во Лигата на шампионите следната сезона, откако ја освои оваа привилегија втора година по ред благодарение на коефициентот.

Петтото место во Лигата на шампионите за Премиер лигата беше потврдено синоќа вечерта со победата на Арсенал против Спортинг во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

УЕФА им доделува дополнително место на двете лиги кои имаат најдобар годишен коефициент врз основа на вкупните перформанси на клубовите во сите европски натпреварувања.

Победата на Арсенал, заедно со фактот дека девет клубови од Премиер лигата стигнаа до осминафиналето на европските купови, ѝ дадоа на Премиер лигата убедливо прво место на оваа табела.

Добрите резултати на англиските клубови во лигашката фаза од трите натпреварувања на УЕФА многу придонесоа за ова.

Како што стојат работите во овој момент, Ла Лига ќе биде втора на оваа табела, па така и Шпанија ќе добие дополнително место во Лигата на шампионите.

Сепак, таа „борба“ сè уште не е завршена бидејќи Баерн го победи Реал во вторникот, а Фрајбург сè уште не играл против Селта.

Ако сè оди добро, Премиер лигата би можела да има 6 клубови во Лигата на шампионите следната сезона. За тоа, би било потребно Ливерпул да ја освои Лигата на шампионите или Астон Вила да ја освои Лига Европа, а во исто време да меѓу првите пет на табелата во Премиер лигата. Во тој случај, Ливерпул или Астон Вила би добиле место во Лигата на шампионите со освојување на европски трофеј, што значи дека шестопласираниот тим во Премиер лигата би играл во Лигата на шампионите.

Доколку се случи и Ливерпул и Астон Вила да освојат европски трофеи и да завршат на петтото или шестото место на табелата, тогаш седмопласираниот тим во Премиер лигата би имал место во Лигата на шампионите.

Нотингем Форест е исто така во четвртфиналето на Лига Европа. Доколку се случи „Шумарите“ да го освојат трофејот, тогаш, како и минатата година со Тотенхем, би се случило клубот од долната половина на табелата во Премиер лигата да оди во Лигата на шампионите, а Премиер лигата да има 6 претставници во најсилното европско натпреварување.

реклама

Рисицата Благица ги израдува македонските еколози

Read more

Утрински навики што влијаат на здравјето на вашето срце

Read more

Трамп одржа итен кризен состанок во Белата куќа за Ормутскиот Теснец

Read more

Суптилен знак на замастен црн дроб кај жените над 50 години 

Read more

Фудбал

Ново поскапување на трошоците за навивачите на СП 2026

Read more

Die Welt: Реал Мадрид – Најлошите губитници во светот

Read more

Алаба го напушта Реал

Read more

Германците може да им го украдат на Шпанците петтиот претставник во ЛШ

Read more
 

Спорт

Ново поскапување на трошоците за навивачите на СП 2026

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ја сподели тактиката на размислување пред натпревар

Читај повеќе
  • play_arrow

Die Welt: Реал Мадрид – Најлошите губитници во светот

Читај повеќе

Алаба го напушта Реал

Читај повеќе

Верстапен разочаран: Сакам да ја напуштам Формула 1, ова со правилата...

Читај повеќе

Германците може да им го украдат на Шпанците петтиот претставник во ЛШ

Читај повеќе

Меси купи клуб во Каталонија

Читај повеќе

Ракометарките на ЕП во група со европскиот и светскиот првак и еден од кодомаќините

Читај повеќе

Пожар ги уништи соблекувалните на Базел

Читај повеќе