уефа лига на шампиони 2025/2026

Престиани пред УЕФА: Го нарекол Винисиус педер, а не мајмун

Макфакс/Кајгана
/ 21.02.2026 / 12:56

За неколку дена ќе добие епилог инцидентот што се случи на натпреварот меѓу Бенфика и Реал Мадрид во Лигата на шампионите. УЕФА ги анализираше доказите, ги доби изјавите од инволвираните во инцидентот и се очекува да ги соопшти казните.

Во центарот на вниманието е играчот на Бенфика, Џанлука Престиани. Тој беше обвинет од страна на Винисиус Жуниор и Килјан Мбапе за расизам.

Ѕвездите на Реал тврдат дека Престиани го нарекол Винисисус „мајмун“ (mono), додека Аргентинецот изјави дека му рекол на Бразиелцот дека е „педер“ (homo).

Според ESPN, Престиани во своето обраќање до УЕФА изјавил дека не употребил расистичка навреда, туку хомофобна, тврдејќи дека употребил навредлив термин за сексуална ориентација, а не расистичка навреда.

Сепак, без оглед на формулацијата, дисциплинската рамка е јасна. Член 14 од Дисциплинските прописи на УЕФА предвидува идентичен опсег на казни за навреди врз основа на раса, боја на кожа, етничко потекло, религија, пол или сексуална ориентација.

„Секое лице или субјект кој го навредува човечкото достоинство на поединец или група по која било основа, вклучувајќи боја на кожа, раса, религија, етничко потекло, пол или сексуална ориентација, ќе биде суспендиран најмалку 10 натпревари или одреден временски период, или ќе му биде изречена друга соодветна санкција“, се наведува во правилникот.

Во пракса, ова значи дека секоја разлика во видот на прекршокот не ја менува сериозноста на дисциплинската постапка – и расистичките и хомофобичните испади подлежат на иста минимална казна.

реклама

Најубавиот турски ручек според ресторански рецепт

Read more

Кои апарати во домот ќе ве чинат поскапо ако ги исклучите од струја?

Read more

Како да спречите оштетување на бојата на автомобилот од птичји измет?

Read more

Колку ќе ослабете ако се откажете од јадење леб?

Read more

Фудбал

Американците без Кардосо на Мундијалот

Read more

Дик Адвокат се врати на клупата на Курасао, ќе го води на Светско

Read more

Неверојатна математика може да ја спаси Македонија ЃП од испаѓање

Read more

Излегоа снимки: Тео Ернандес ги организирал забавите со ескорт девојки

Read more
 

Спорт

Американците без Кардосо на Мундијалот

Читај повеќе

Дик Адвокат се врати на клупата на Курасао, ќе го води на Светско

Читај повеќе

Неверојатна математика може да ја спаси Македонија ЃП од испаѓање

Читај повеќе
  • play_arrow

Излегоа снимки: Тео Ернандес ги организирал забавите со ескорт девојки

Читај повеќе

Италија опен прави хаос во Серија А: Го презакажа римското дерби и уште 4 други

Читај повеќе

Дали е ова крајот? Леброн можеби го одигра својот последен натпревар за Лејкерс

Читај повеќе

AS: Модриќ размислува за пензионирање

Читај повеќе

Чаби Алонсо оди во Премиер лига?

Читај повеќе

Скалони објави поширок список од 55 играчи за одбрана на светската титула

Читај повеќе