Престон Лајонс доаѓа во Македонија, ќе игра против Вардар и Пелистер

Филип Здравески
/ 13.09.2025 / 10:48

Најпознатиот клуб на македонската дијаспора во Австралија, Престон Лајонс, објави дека доаѓа на турнеја во Македонија и тоа во Скопје, Битола и Охрид.

„Чест ни е да објавиме дека нашиот сениорски машки тим ќе го претставува нашиот клуб и заедницата во Македонија, а тимот заминува овој понеделник, 15 септември, а патувањето ќе служи како тренинг камп пред австралиското првенство“, објави клубот.

Клубот и играчите турнејата ќе ја искористат и за волонтерски активности и ќе учествуваат во хуманитарни добротворни иницијативи, вклучувајќи ја и распределбата на собраните средства од Kocani Appeal за настраданите во пожарот во дискотеката во Кочани.

Престон Лајнос откри дека за реализирањето на оваа турнеја клучна улога имале МНР и ФФМ.

„Ова патување е овозможено благодарение на неверојатните напори на министерот за надворешни работи на Македонија, почитуваниот Тимчо Муцунски и Фудбалската федерација на Македонија предводена од претседателот Масар Омерагиќ. Тимот ќе биде гостин на ФФМ додека патуваме и играме во Охрид, Скопје и Битолa.“

„Патувањето е целосно финансирано од ФФМ, клупските спонзори, неколку љубезни поединци, придонес од играчи, како и дарежливоста на нашиот авиопартнер Turkish Airlines.“

„Лавовите“ од Престон на 23 септември од 15:30 часот ќе играат против Вардар во Скопје, на на 25-ти во истиот термин против Пелистер во Битола. Не објавила со кого ќе играат во Охрид.

„Ова е чест за нашиот клуб, играчите и службените лица да ја претставуваат нашата заедница, нашиот клуб и нашите навивачи“.

реклама
Азиски берзи: Расте цената на нафтата, акциите растат

Азиски берзи: Расте цената на нафтата, акциите растат

Read more
Премиерата на сезона 7 од „Game of Thrones“ сруши рекорди на гледаност

Премиерата на сезона 7 од „Game of Thrones“ сруши рекорди на гледаност

Read more
ПСЖ го освои Суперкупот на Франција

ПСЖ го освои Суперкупот на Франција

Read more
Англија ѝ го направи на Шпанија она што не му успеало на никој во историјата

Англија ѝ го направи на Шпанија она што не му успеало на никој во историјата

Read more

Фудбал

Барселона официјално се повлече од проектот Суперлига

Read more

Спортинг и Комо ќе му конкурираат на Интер Мајами за потписот на Роналдо

Read more

Времето лета: Синот на Руни доби понуда од Манчестер Јунајтед

Read more

Роналдо протестира, Саудијците му одговорија

Read more
 

Спорт

Барселона официјално се повлече од проектот Суперлига

Читај повеќе

Спортинг и Комо ќе му конкурираат на Интер Мајами за потписот на Роналдо

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ надмина уште една легенда и сега е втор по трипл-дабл во историјата

Читај повеќе
  • play_arrow

Израелските спортисти исвиркани на церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереален пресврт на Бостон: Губеше 22 разлика и сепак го победи Мајами

Читај повеќе

Времето лета: Синот на Руни доби понуда од Манчестер Јунајтед

Читај повеќе

Зошто скијачите на ЗОИ ќе имаат микрочипови на меѓуножјето?

Читај повеќе

Роналдо протестира, Саудијците му одговорија

Читај повеќе

Пред десет години беа шампиони на Англија, сега им се заканува исфрлање во трета лига

Читај повеќе