Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, денес изјави дека шпекулациите за можното враќање на Лионел Меси како играч во шпанскиот клуб се нереални.
Меси во неделата ненадејно го посети реновираниот стадион „Камп Ноу“, а Лапорта за Радио Каталуња изјави дека сака да организира оддавање почит на легендарниот Аргентинец, но дека навивачите на Барселона не треба да се надеваат на враќање на својот идол.
„Работите не завршија онака како што сакавме. Ако на некој начин ова оддавање почит може да го надомести она што не беше направено, верувам дека тоа би било добро. Сепак, со огромното почитување што го имам кон Меси, кон сите професионалци во клубот и неговите членови, верувам дека шпекулациите за неговото можно враќање како играч се нереални“, рече Лапорта.
🚨 Laporta: “Despite how everything happened with Leo Messi's departure, I have no regrets”.
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) November 12, 2025
“Barça is above anyone else. It's not what we all wanted, but it was not possible in that moment”, told Catalunya Radio. pic.twitter.com/m2YVhD9dqR
Потсетуваме дека осумкратниот освојувач на „Златната топка“ објави на Instagram дека сака да се врати на „Камп Ноу“, а не само да се збогува како играч.
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња повтори дека сака да се врати да живее во Барселона.
„Не знаев дека доаѓа, но Камп Ноу е неговиот дом. Мислам дека тоа беше мал, спонтан и пријателски гест“, рече Лапорта.
Тој додаде дека клубот моментално работи на тоа Меси да ја добие најголемата почест во светот пред 105.000 навивачи, откако ќе заврши реновирањето на стадионот.