Продолжува „војната“ меѓу Винисиус и Симеоне

Синоќа, играчите на Реал го победија Атлетико со резултат од 2:1 и се пласираа во финалето на шпанскиот Суперкуп, каде што ќе играат против Барселона, а конфликтот меѓу Винисиус Жуниор и Диего Симеоне повторно беше во центарот на вниманието.

Напаѓачот на Реал и тренерот на Атлетико водат „војна“ со години, која продолжи и синоќа, а вербално се судрија двапати за време на натпреварот.

Прво, во првото полувреме, Симеоне, вознемирен од симулацијата на фаул од Винисиус, се приближи до аут-линијата и, според толкувањето на коментаторите на Movistar, извикал:

„Флорентино ќе те избрка, запомни што ти велам!“

Подоцна, во 81-та минута, кога напаѓачот на Реал Мадрид ја напушташе играта, дојде до уште еден вербален конфликт меѓу Бразилецот и Аргентинецот.

Винисиус дофрли нешто кон Симеоне, а тренерот на Јорганџиите одговори покажувајќи кон трибините и му рече да ги слуша свирежите на навивачите на Реал.

Ова не е првпат тренерот на Атлетико и напаѓачот на Реал да влезат во директен конфликт за време на натпреварите.

И во септември 2022 година, Симеоне го нападна Винисиус кога Бразилецот ја одложуваше играта со постојано тркалање по тревникот, а врвот на нивната нетрпеливост се случи во Купот на кралот во 2024 година кога Винисиус му асистираше на Хоселу во финишот од натпреварот за 2:2 и за време на прославата се сврте кон навивачите на Атлетико и ги провоцираше, што го разбесни Симеоне.

Инцидентот ескалираше на крајот од регуларниот дел од натпреварот кога играчите од двата тима ги спречија физички да се степаат.

реклама

Фудбал

Најнеобичната лига во Европа: Странски клуб, енклави, резервни тимови и различни острови

Read more

Одредени фудбалерите за Медитеранските игри во Таранто

Read more

Астон Вила се засили со Руџери и Сузуки

Read more

И ФФМ ја повлече поддршката за кандидатурата на Џани Инфантино

Read more

Спорт

Најнеобичната лига во Европа: Странски клуб, енклави, резервни тимови и различни острови

Читај повеќе

Одредени фудбалерите за Медитеранските игри во Таранто

Читај повеќе

Хаџар се повредил во теретана, нема да вози во Зандворт

Читај повеќе

Астон Вила се засили со Руџери и Сузуки

Читај повеќе

И ФФМ ја повлече поддршката за кандидатурата на Џани Инфантино

Читај повеќе

Ник Кирјос суспендиран по позитивен тест за кокаин

Читај повеќе

Мурињо откри зошто Родри заврши во Барса, а не во Реал 

Читај повеќе

Мусиала објасни зошто колабираше двапати во четири дена

Читај повеќе

Ел Декано - клубот што одби да исчезне од фудбалската мапа

Читај повеќе