Продолжуваат маките на Барса со Камп Ноу: Каде ќе го пречека ПСЖ?

Реконструкцијата на стадионот „Камп Ноу“ се претвори во изградбата на патот Охрид-Кичево. Веќе пет пати се одложува отворањето на стадионот во Барселона, кој ќе го носи името на неговиот спонзор „Спотифај Камп Ноу“. Ова се должи на доцнење во работата и нецелосна документација.

Претседателот Жоан Лапорта се надеваше дека натпреварот против Валенсија ќе се игра на „Камп Ноу“, но тоа не се случи. Барса мораше да игра на стадионот „Јохан Кројф“, а бидејќи дозволата сè уште не е издадена, следниот натпревар против Хетафе ќе се игра надвор од главниот стадион.

Каталонците се надеваат на чудо и дозвола за користење денес или евентуално утре, но тешко е да се поверува дека таа ќе стигне, ниту дека Ла Лига ќе дозволи натпреварот да се игра во реновираното здание.

Барселона има „нова цел“ пред себе, а тоа е да биде домаќин на натпреварот од Лигата на шампионите на УЕФА против Пари Сен-Жермен на 1 октомври на стадионот „Камп Ноу“. Цела среќа што во воведното коло Барса гостува (в четврток кај Њукасл), па домаќин е во второто. За УЕФА да има време да го прифати стадионот, прво мора да се одигра еден лигашки натпревар, а останува само оној со Реал Сосиедад на 28 септември, бидејќи седум дена порано гостуваат во Овиедо.

Доколку дозволите стигнат на време, можеби Барселона ќе успее во својот најнов план. Секако, кога ќе се отвори „Камп Ноу“, касата на клубот ќе биде растеретена бидејќи ќе бидат префрлени парите за продадените ВИП ложи.

реклама

Кина создаде ново оружје: Испукува до 2.000 куршуми во минута и не користи барут

Read more

Морнарите заглавени во Ормутскиот Теснец почнаа ментално да попуштаат

Read more

Новак Ѓоковиќ почна да јаде месо

Read more

Непријатни несакани ефекти што астронаутите на Artemis II ќе ги доживеат на Земјата

Read more

Фудбал

ФИФА ги назначи судиите за Светското првенство

Read more

Што се случува во шпанскиот фудбал? Реал бара реформи 

Read more

Хонда се враќа на теренот на 39 години

Read more

Роберт Левандовски бесплатно во Милан?

Read more
 

Спорт

ФИФА ги назначи судиите за Светското првенство

Читај повеќе
  • play_arrow

Новак Ѓоковиќ почна да јаде месо

Читај повеќе

Што се случува во шпанскиот фудбал? Реал бара реформи 

Читај повеќе

Хонда се враќа на теренот на 39 години

Читај повеќе

Роберт Левандовски бесплатно во Милан?

Читај повеќе

Барселона пред испаѓање, Јамал верува во чудо 

Читај повеќе

Објавен списокот на фудбалерки за двете пресметки со Унгарките

Читај повеќе
  • play_arrow

Слот откри зошто Салах не одигра ниту една минута против ПСЖ

Читај повеќе

Клучниот човек на Верстапен потпиша за Мекларен

Читај повеќе