УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2025/2026 ЧЕТВРТФИНАЛЕ

Пујол бесен: Ако судиите сакаат да бидат ѕвезди на вечерта, нека одат во циркус

Атлетико ја елиминираше Барселона во четвртфиналето на Лигата на шампионите со серија сомнителни судиски одлуки што го одбележаа двомечот.

Каталонците двата натпревара ги завршија со играч помалку - на „Камп Ноу“ исклучен беше Пау Кубарси, а на „Ванда Метрополитано“ иста судбина го снајде Ерик Гарсиа. И двајцата беа најстрого казнети за тоа што ги срушија своите ривали како последни одбранбени играчи - само што синоќешната одлука на Клемон Турпан беше за многу подетална анализа.

Францускиот судија откако ја гледаше ВАР снимката го смени првично покажаниот жолт картон во црвен и му дозволи на Атлетико да го доведе натпреварот до помирен крај. Затоа по овој меч, како што беше случајот минатата недела, пристигнуваат поплаки за судењето и двојните стандарди. Меѓу другите, се огласи и легендата на Барселона, Карлес Пујол, кој без двоумење им порача на судиите дека „ако сакаат да бидат ѕвезди на вечерта, треба да одат во циркус“.

„Уморен сум од овие изговори! Цел живот играм фудбал и никогаш не сум видел таква недоследност. Ерик Гарсиа е исклучен поради едноставен дефанзивен старт - нешто што го гледаме педесет пати по натпревар - а сепак кога Дани Олмо е очигледно турнат на теренот, нема ниту свиреж? Кажете ми ја разликата помеѓу овие две ситуации. Во едниот случај, тоа е директен црвен картон, во другиот, ништо? Тоа е толку очигледен скандал. Ако некои судии сакаат да бидат ѕвезди на вечерта, нека одат во циркус. Ова е срам за Лигата на шампионите и непочитување кон Барселона. Доста е“, порача Пујол.

Remote video URL

Пујол како дете на Барса ја мина целата кариера во каталонскиот гигант играјќи за првиот тим од 1999 година сѐ до пензионирањето во 2014. Освои куп пехари меѓу кои 5 пати Ла Лига, 2 во Копа дел Реј, 4 шпански Суперкупа, 3 во Лигата на шампионите, 1 УЕФА суперкуп и 2 пати Светско клупско првенство.

За репрезентацијата на Шпанија одигра точно 100 натпревари и беше дел од генерацијата што стана европски и светски шампион во 2008 и 2010. Одигра и 6 натпревари за неговата матична репрезентација Каталонија, непризната од ФИФА.

реклама

Која е Дара, Бугарката која победи на 70. Евровизија?

Read more

18-годишно момче убиено со пиштол во шума кај Сарај

Read more

Онколози препорачуваат што да појадувате за превенција од рак

Read more

3 хороскопски знаци влегуваат во период на луксуз и богатство

Read more

Фудбал

Алегри: Имам добри вести за Модриќ

Read more

Шаби Алонсо официјално е новиот тренер на Челси

Read more

AS: Балканскиот гениј нокаутиран, Милан во криза

Read more

Цените на билетите за Светско паѓаат, а бесот на навивачите не стивнува

Read more
 

Спорт

Алегри: Имам добри вести за Модриќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Судир на титанките: Борбата од 3 милиони долари меѓу Ронда и Џина траеше 15 секунди

Читај повеќе

Шаби Алонсо официјално е новиот тренер на Челси

Читај повеќе

AS: Балканскиот гениј нокаутиран, Милан во криза

Читај повеќе

Цените на билетите за Светско паѓаат, а бесот на навивачите не стивнува

Читај повеќе

Шпански медиуми: Мурињо веќе постигнал договор со Реал Мадрид

Читај повеќе

Дубаи се заканува со повлекување од АБА лигата

Читај повеќе

ФФМ потврди: На 1 јуни пријателска против Турција во Истанбул

Читај повеќе
  • play_arrow

Синот на Пеџа Стојаковиќ се двоуми дали да игра за Србија или за Грција

Читај повеќе