Ракитиќ ќе се пензионира

Макфакс/Кајгана
/ 19.05.2025 / 15:47

Иван Ракитиќ (37) во недела ќе се збогува со фудбалот по натпреварот меѓу Хајдук и Шибеник.

Легендарниот играч од средниот ред и поранешен хрватски репрезентативец беше снимен како седи и плаче по вчерашниот натпревар на „Пољуд“, а сега е познато значењето на тие солзи. Тоа беше неговиот последен натпревар пред домашната публика во Сплит и претпоследен во неговата кариера.

Ова го наведува Dalmatinski portal, во чиј текст се нагласува дека Ракитиќ сè уште официјално не ја соопштил одлуката, но дека донел одлука според која неговата кариера е завршена.

Ракитиќ пристигна во Хајдук летоска и стана еден од најголемите фудбалери кои играле во националниот шампионат на Хрватска. Постигна 2 гола и 5 асистенции во 38 настапи за клубот од Сплит.

Хрватот е легенда на Севиља, имаше брилијантна кариера и во Барселона, пред 20 години стапна на теренот како играч на Б тимот на Базел. Од 2007 година беше и член на првиот тим на швајцарскиот клуб, пред да замине во Шалке 04. По четири сезони во Бундеслигата се пресели во Севиља. Од Андалузија замина во Барселона, со која ги освои Ла Лига, Купа дел Реј и Лигата на шампионите. Играше заедно со Иниеста, Меси, Суарес, Бускетс, Нејмар… За Барса одигра 310 натпревари.

Од Барселона повторно се врати во Севиља, со која го повторни успехот од 2014 година и во 2023 го освои трофејот во Лига Европа. По кратка епизода во Ал-Шабаб, минатото лето пристигна во Хајдук каде настапува заедно со нашиот репрезентативец Александар Трајковски.

реклама

Фудбал

Се бара „кртот“: Кој го издаде составот на Челси осум часа пред натпреварот?

Read more

Хет-трикот на Валверде е историски од повеќе причини

Read more

Модриќ ја сели Златната топка во Милано: Дали на маса има нов договор?

Read more

Тудор објасни зошто го замени голманот во 17-та минута

Read more
 

Спорт

Се бара „кртот“: Кој го издаде составот на Челси осум часа пред натпреварот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Хет-трикот на Валверде е историски од повеќе причини

Читај повеќе

Модриќ ја сели Златната топка во Милано: Дали на маса има нов договор?

Читај повеќе

Тудор објасни зошто го замени голманот во 17-та минута

Читај повеќе

ЛШ продолжува вечерва, апсолутното дерби на осминафиналето е пред нас

Читај повеќе

Инфантино: Трамп ми рече дека Иран е добредојден на Мундијалот

Читај повеќе
  • play_arrow

Срамен потег на Тудор: Му ја уништи кариерата на Кински?

Читај повеќе

Лапорта: Реал Мадрид 72 години ги контролира судиите 

Читај повеќе

Дали војната ќе го одложи Мундијалот?

Читај повеќе