Чекавме еден месец за повторно да ја гледаме Лигата на шампионите и конечно го дочекавме 8 април, кој ни носи двe квалитетни четвртфинални пресметки меѓу Арсенал и Реал и Баерн и Интер.

Првите натпревари од четвртфиналето на Лигата на шампионите ќе се играат во следните два дена, а Арсенал ќе биде домаќин на бранителот на титулата Реал Мадрид, додека Баерн и Интер ќе играат во Минхен.
Арсенал доминираше во Лигата на шампионите заедно со Ливерпул и Барселона. Лондонскиот клуб игра исклучително цврста одбрана, прима малку голови и знае како да го контролира поседот. Доживеа еден пораз, од Интер во Милано, а дома е непоразен сезонава во европската елита. По елиминацијата на ПСВ, жрепката „Топчиите“ ги спои со Реал Мадрид.
Matchday -1 session ✅
— Arsenal (@Arsenal) April 7, 2025
📍 Sobha Realty Training Centre pic.twitter.com/Jyeuz7ux3M
Овие два клуба се имаат сретнато само двапати во Лигата на шампионите и тоа во 2006 година. Тогаш Арсенал победи со 1:0 во Мадрид со голот на Тјери Анри, додека резултатот во Лондон беше 0:0.
Оттогаш имаат одиграно две пеиујателски: на Емирејтс купот Арсенал победи со 1:0 во 2008, а на летната тура во САД во 2019 година беше 2:2 во регуларното време, па Реал победи со 3:2 по изведувањето на пенали.
Кога станува збор за играчкиот кадар, Арсенал има многу повеќе проблеми. Жолти картони има Рахим Стерлинг, во нападот отсуствуваат Каи Хаверц и Габриел Жезус, а во одбраната ќе отсуствуваат Габриел Магаљајс и Рикардо Калафјори.
Гостите се без суспендираниот Орелјан Чуамени, под знак прашалник е и голманот Тибо Куртоа, а отсутни се и Дани Себаљос и Дани Карвахал. Затоа, Килјан Мбапе и Винисиус Жуниор ќе го предводат нападот.
👋 "¡Nos vemos mañana!"
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) April 7, 2025
📺 INSIDE TRAINING 👉 RM PLAY
Веројатни состави:
Арсенал: Раја; Тимбер, Салиба, Кивиор, Луис-Скели; Одегард, Парти, Рајс; Сака, Мерино, Мартинели.
Повредени: Калафјори (колено), Габриел (тетива), Хаверц (тетива), Жезус (колено), Томијасу (колено)
Суспендирани: Стерлинг
Неизвесни: нема
Ќе го пропуштат реваншот доколку пожолтат: Мартинели, Рајс, Тимбер
Реал Мадрид: Куртоа; Валверде, Раул Асенсио, Ридигер, Фран Гарсиа; Родриго, Модриќ, Камавинга, Белингам; Мбапе, Винисиус
Повредени: Карвахал (колено), Себаљос (мускул), Едер Милитау (колено)
Суспендирани: Чуамени
Неизвесни: Лунин (лист), Менди (тетива)
Ќе го пропуштат реваншот доколку пожолтат: Камавинга, Ендрик, Едер Милитау, Модриќ, Ридигер, Лукас Васкес, Винисиус
This week 😮💨#UCL pic.twitter.com/tmbf1qIM6O
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) April 7, 2025
Овој натпревар љубителите на фудбалот во Мaкедонија ќе може во живо да го следат на каналот Arena Premium 1.
Реваншите од четвртфиналето се закажани за 15 и 16 април.
Арсенал или Реал Мадрид во полуфиналето ќе играат со победникот од двомечот ПСЖ - Астон Вила, додека другата двојка ќе биде подобриот од дуелот Баерн - Интер против Барселона или Борусија.
Финалето на Лигата на шампионите ќе се одигра на 31 мај во Минхен.
Вторник, 21:00:
Арсенал - Реал Мадрид (Arena Premium 1)
Баерн - Интер (Arena Premium 2)
Среда, 21:00:
Барселона - Борусија Дортмунд (Arena Premium 1)
ПСЖ - Астон Вила (Arena Premium 2)