летни трансфери 2026

Рејндерс го потврди трансферот на Думфрис во Реал: Голем чекор напред, среќни сме поради тоа

Играчот од средниот ред на Манчестер Сити и холандската репрезентација, Тиџани Рејндерс, го потвдрди еден од најголемите трансфери ова лето.

Зборувајќи со новинарите по синоќешниот пораз на Холандија од Алжир со 1:0, играчот на Манчестер Сити зборуваше за својот репрезентативен соиграч Дензел Думфрис, кој веќе се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид.

Иако трансферот сè уште не е официјално потврден, одговорот на Рејндерс дополнително ги разгоре гласините.

„Трансферот на Дензел Думфрис во Реал Мадрид? Да, сите му честитавме. Тоа е голем чекор за него и многу сме среќни за него. Тој покажа што може да направи во изминатите две сезони и заслужува да биде потпишан од Реал Мадрид“, рече Рејндерс.

Неговите зборови брзо предизвикаа бројни реакции на социјалните мрежи, при што многу фанови веруваа дека играчот од средниот ред на Сити ефикасно потврдил трансфер што клубовите сè уште официјално не го објавиле.

Думфрис моментално игра за Интер, а според европските медиуми, гигантот од Мадрид платил откупна клаузула од 20 милиони евра за него. Во клубот од Милано дојде од ПСВ летото 2021 година за 14,25 милиони евра. За Интер одигра вкупно 207 натпревари во сите конкуренции, постигна 27 голови и направи 28 асистенции.

Десниот бек беше еден од најважните играчи на Интер во изминатите сезони, а особено се истакнуваше во натпреварите од највисоко ниво, поради што долго време беше на радарот на најголемите европски клубови.

Засега нема официјална потврда ниту од Реал Мадрид ниту од Интер, додека самиот Думфрис одби да ги коментира наводите за евентуален трансфер.

Сепак, по изјавата на Рејндерс, се чини дека една од најголемите трансфер приказни ова лето доби нова димензија.

Думфрис по татко е од Аруба, а по мајка од  Суринам, двете поранешни холандски колонии. Маклумина знаат дека пред да заигра за Холандија всушност настапуваше за Аруба, но настапите само на 2 пријателски му дозволија потоа да направи промена на спортски пасош.

Името Дензел му го дале неговите родители по холивудскиот актер Дензен Вошингтон.

реклама

Метеорит што проби покрив на куќа во Њу Џерси би можел да содржи индиции за потеклото на животот

Read more

Зошто повеќето денешни бензинци имаат 1,5 турбо мотор: Не е случајно

Read more

Русија го нападна Суми со 5 бомби, погодена е цивилната инфраструктура

Read more

Две малолетни деца и 18-годишник биле однесени од надојдената вода во реката Треска

Read more

Фудбал

Реал ќе го сруши светскиот рекорд: Подготвиле понуда за Олисе

Read more

Основале клуб во тајност, на првиот меч отишле пеш, а сè започнало поради една љубов

Read more

Додека сите играат за милиони, Халанд и пријателите избраа еднаквост со дамите

Read more

Ла Лига доминира во финалето: Неверојатни податоци пред битката за пехарот

Read more

Спорт

Војдан Стојановски: Имаме шанса за следниот чекор, но мора да бидеме максимално подготвени

Читај повеќе

Реал ќе го сруши светскиот рекорд: Подготвиле понуда за Олисе

Читај повеќе

Основале клуб во тајност, на првиот меч отишле пеш, а сè започнало поради една љубов

Читај повеќе

Додека сите играат за милиони, Халанд и пријателите избраа еднаквост со дамите

Читај повеќе

Македонија против Кипар и Австрија во втората рунда од претквалификациите за ЕвроБаскет 2029

Читај повеќе

Ла Лига доминира во финалето: Неверојатни податоци пред битката за пехарот

Читај повеќе

ФФМ го одби барањето на Вардар за одложување на првиот натпревар од новата сезона

Читај повеќе

Пронајдено шишето на Пикфорд со белешки за пенали, реакцијата на Меси станува хит

Читај повеќе

Не можеше без политика: Дали ФИФА ќе ги казни Аргентинците за забранетиот транспарент?

Читај повеќе