Фудбалерот на Реал Мадрид, Арда Ѓулер, ја доби наградата за најубав гол во сезоната во шпанската Ла Лига.
Турчинот го постигна тој гол во натпреварот од 28. коло против Елче на стадионот „Сантиаго Бернабеу“.
Ја освои топката во својата половина, забележа дека противничкиот голман е далеку од голот и со вистинска мајсторство ја погоди мрежата од 65 метри. Голот може да се погледне на 2:32 на видеото.
Оваа награда може да биде голем поттик за Ѓулер, кој ќе биде носител на играта во турската селекција на претстојното Светско првенство, а подоцна се очекува да биде важна алка во новиот Реал под водство на Жозе Мурињо.
EL MAGO TURCO. 🧙♂️🇹🇷
— LALIGA (@LaLiga) June 3, 2026
🎯 @10ardaguler, del @realmadrid, es el autor del 𝐆𝐎𝐋 𝐃𝐄 𝐋𝐀 𝐓𝐄𝐌𝐏𝐎𝐑𝐀𝐃𝐀 en #LALIGAEASPORTS.#LALIGAGOALOFTHESEASON | #PREMIOSANUALESLALIGA