Репрезентацијата која со години не сакаше да игра фудбал конечно реши да истрча на терен

По седумгодишна пауза, без да одигра ниту еден натпревар, репрезентација на Еритреја се враќа во меѓународните натпреварувања.

Еритреја е единствената членка на ФИФА која ја нема на ранг-листата. Оваа африканска земја не сака да ги игра своите натпревари, иако има право на тоа, и не се натпреваруваше никаде седум години.

Причината е бизарна, локалната фудбалска асоцијација не сака да игра натпревари за да ги спречи фудбалерите да ги користат гостувањата за да избегаат од земјата и да побараат политички азил.

Еритреја го изгуби рангирањето бидејќи, според правилата на ФИФА, репрезентација која не играла натпревар 48 месеци го губи правото да биде на светската ранг-листа.

Оваа африканска репрезентација последен пат одигра натпревар на гостински терен против Уганда во 2019 година, каде што беше поразена со 3:0.

Сега, речиси седум години подоцна, Еритреја официјално го објави своето враќање во фудбалот, а првиот турнир на кој ќе игра е квалификациите за Африканскиот куп на нации во 2027 година.

Големо прашање е каков состав ќе има Еритреја за своето прво натпреварување по речиси осум години, но има „материјал“ и во Европа, главно во скандинавските земји.

Сепак, и ова пријава треба да се земе со резерва оти Еритреја изминативе години се пријави да игра во квалификациите и за АФКОН 2023 и за Мундијалот 2026, па се откажуваше без да одигра натпревар. ЦАФ си ја научи лекцијата, па ѝ забрани да се пријави во квалификациите за тековниот АФКОН 2025.

Африканскиот куп на нации во 2027 година ќе се игра во Кенија, Уганда и Танзанија.

Тагови
реклама

Фудбал

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Read more

Обвинителството откри нови шокантни детали за последните денови од животот на Марадона

Read more

Кој е најлошиот селектор на Македонија? Седлоски галопира кон преземање на приматот

Read more

Мурињо се потсмева на случајот со Манчестер Сити: Ќе имам 80 години кога ќе донесат пресуда

Read more

Спорт

  • play_arrow

Медведев оди понатаму во Шангај по дисквалификацијата во Пекинг

Читај повеќе

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Читај повеќе

Обвинителството откри нови шокантни детали за последните денови од животот на Марадона

Читај повеќе

Кој е најлошиот селектор на Македонија? Седлоски галопира кон преземање на приматот

Читај повеќе

Мурињо се потсмева на случајот со Манчестер Сити: Ќе имам 80 години кога ќе донесат пресуда

Читај повеќе

Барди: Ова не е крајот на нашата приказна, ќе се вратиме!

Читај повеќе

Актуелниот МВП во НБА стана косопственик на мадридски Атлетико

Читај повеќе

Се решава најголемиот правен преседан во фудбалот: Кој е шампион на Африка?

Читај повеќе

Џака осуден поради лажен ковид-сертификат, но нема да оди в затвор

Читај повеќе