Ретко видена скромност: Најдобриот играч на Светското лета со Ryanair наместо со приватен авион

Додека повеќето фудбалери патуваат со луксузни приватни авиони и се фалат со тоа на социјалните мрежи, еден од најдобрите играчи во светот, Родри, повторно ја импресионираше јавноста со својата приземјеност.

Родри го заврши својот продолжен одмор откако ја предводеше Шпанија до титулата на Светското првенство 2026 и заслужено ја освои наградата за најдобар играч на турнирот. Се упати кон Манчестер, а начинот на кој го направи тоа го воодушеви фудбалскиот свет.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како Родри, како и секој друг „обичен“ патник, трпеливо чека во ред за да се качи на нискобуџетен лет.

Снимките од аеродромот јасно го прикажуваат Родри во целосно опуштена, незабележлива облека - во обична сива маица, бели шорцеви и со капа свртена наопаку.

Наместо ВИП терминал и приватен лет, шпанскиот ас избра доцна ноќен лет на Ryanair во 23:25 часот што лета од Мадрид до Ливерпул, аеродром кој е практично во близина на неговиот Манчестер.

Овој потег предизвика воодушевување кај навивачите, но за оние што ја следат кариерата и личниот живот на Родри, ова не е изненадување. За разлика од многу негови колеги, Родри е познат како нетипичен фудбалер: нема профили на социјалните мрежи, нема тетоважи, а додека играше во Шпанија студираше и живееше во студентски дом. Дури и тогаш возеше половна Opel Corsа што ја купил од постара госпоѓа.

Додека неговите колеги трошат стотици илјади евра на луксузни одмори и превоз, враќањето на Родри во Англија со Ryanair, со ранец и куфер за рачен багаж, докажува дека славата и парите не мора нужно да го променат човекот. Во светот на модерниот фудбал каде што ароганцијата и луксузот станаа секојдневие, скромноста на Родри е вистинско освежување.

Родри ќе се појави на тренингот на Манчестер Сити, но прашање е дали ќе го видиме во дресот на „Граѓаните“ во новата сезона. Барселона е заинтересирана за него и веќе испрати две понуди, но беа одбиени. Сити не сака да го продаде за помалку од 80 милиони евра и ќе видиме дали двата гиганта на крајот ќе се согласат.

Претходно Родри беше пред трансфер во Реал Мадрид, но сепак ја одби понудата откако слушна дека Барса е заионтересирана. Инаку, Родри сениорскатра кариера ја почна во Вињареал, а играше и за Атлетико. Во младиските категории играше за Виљареал и Атлетико, а почна во Рајо Махадаонда.

Тагови
реклама

Никој повеќе не сака вакви станови: До пред само 10 години беа хит

Read more

Исчистете ги фугите со само две состојки: Трик што ќе ви заштеди часови рибање

Read more

Крај на клупските уцени: ФИФА го менува Член 17 поради случајот со Хулиан Алварес

Read more

Доктор објасни зошто 39-годишниот Ѓоковиќ повраќа на теренот

Read more

Фудбал

Крај на клупските уцени: ФИФА го менува Член 17 поради случајот со Хулиан Алварес

Read more

Ибрахимовиќ за судирот меѓу Де Пол и Левандовски: Да бев јас, ќе го удрев со глава

Read more

Нејмар до ривалските навивачи: И со повредено колено играм подобро од целиот ваш тим

Read more

И Франција му врти грб на Инфантино

Read more

Спорт

Крај на клупските уцени: ФИФА го менува Член 17 поради случајот со Хулиан Алварес

Читај повеќе
  • play_arrow

Судир на титанките: Двете најдобри тенисерки во светот изборија финале на УС Опен

Читај повеќе
  • play_arrow

Ибрахимовиќ за судирот меѓу Де Пол и Левандовски: Да бев јас, ќе го удрев со глава

Читај повеќе

Нејмар до ривалските навивачи: И со повредено колено играм подобро од целиот ваш тим

Читај повеќе

Доктор објасни зошто 39-годишниот Ѓоковиќ повраќа на теренот

Читај повеќе

И Франција му врти грб на Инфантино

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна приказна од Олд Трафорд: Јунајтед во 2015 го проценил Мбапе како ништо посебно

Читај повеќе

Тиаго Силва: Анчелоти се однесува како Бразил да е европски клуб

Читај повеќе

Љуботен го врати ретро логото од 60-тите

Читај повеќе