Римското дерби конечно доби термин: В недела точно на пладне!

По неколку дена несогласувања и неизвесност, конечно е постигнат договор за датумите на натпреварите од 37. коло од Серија А, кои одлучуваат за тоа кои екипи ќе се пласираат во Лигата на шампионите.

Римското дерби помеѓу Рома и Лацио ќе се игра в недела, 17 мај, точно напладне, а другите натпревари ќе се играат во исто време: Комо - Парма, Џеноа - Милан, Јувентус - Фиорентина и Пиза - Наполи.

Овој исход дојде откако префектурата на Рим даде согласност за предлогот на раководството на Лега Серија А. Со ова се затвори комплицираната ситуација што започна кога дербито, првично закажано за недела во 12:30 часот, беше поместено за понеделник во 20:45 часот. Лигата поднесе жалба на одлуката на префектурата до Административниот суд во покраината Лацио, кој потоа побара страните да постигнат договор.

Пресвртот дојде по притисокот од навивачите, особено од оние на Рома, кои најавија дека нема да се појават на стадионот доколку натпреварот се игра во понеделник навечер. Беше оценето дека собирањето голем број навивачи надвор од стадионот во тој момент би претставувало поголем безбедносен ризик отколку играњето во порано време, иако финалето на тенискиот турнир Италија опен се одржува во близина истиот ден.

Лега Серија А им се заблагодари на сите вклучени страни, како и на навивачите, за нивното разбирање, со порака дека истовременото играње на натпреварите од претпоследното коло ја зачувува спортската регуларност за сите клубови кои се борат за истата цел.

Останува да се види дали тренерот на Лацио, Маурицио Сари, ќе се појави на Дербито дела Капитале откако во неколку наврати велеше дека ќе го бојкорира мечот и нема воопшто да се појави доколку се игра на пладне.

„Ако сакаат да го играат дербито напладне во недела, нема да дојдам. Тоа е моето чувство. Можат сами да си го играат“, рече завчера Сари.

Ова ќе биде 166 римско дерби во Серија А. Досега Лацио има 43 победи, Рома има 60, додека 62 натпревара завршиле без победник. И гол-разликата е на страната на Рома, 205:159.

Серија А веќе ги делегираше и судиите, а довербата му ја даде на Фабио Мареска од Наполи, а ќе му помагаа Џорџо Перети (Вилафранка ди Верона) и Џузепе Пероти (Кампобасо), додека четврти ќе биде Марио Пери (Рим). Во ВАР собала ќе бидат Марко Ди Бело (Бриндизи) како главен со асистентот Розарио Абисо (Палермо).

реклама

Местата што Македонците ги сакаат, тие ги одбегнуваат: Каде во Грција летуваат Грците?

Read more

Замрзнатото месо има рок на траење: Колку долго може да го чувате во замрзнувач?

Read more

X-59 ја проби звучната бариера: Отвора пат за тивки, брзи патнички авиони

Read more

Србија има нови правила за електричните тротинети: Што можеме да научиме од соседите?

Read more

Фудбал

Челси нуди 115 милиони евра за Арда Ѓулер

Read more

Платини поднесе кривична пријава против првиот човек на ФИФА

Read more

Одреден распоредот на натпревари за новата сезона во 1.МФЛ

Read more

Среќа во несреќа: Избегната трагедија на натпреварот помеѓу Унгарија и Казахстан

Read more

Спорт

Челси нуди 115 милиони евра за Арда Ѓулер

Читај повеќе

Ракометарите добија интересна група на Светското 2027, ќе играат во Магдебург

Читај повеќе

Доби зелено светло: Синер ќе игра на Вимблдон

Читај повеќе

Платини поднесе кривична пријава против првиот човек на ФИФА

Читај повеќе
  • play_arrow

НБА ја призна грешката: Вембанјама мораше да биде казнет

Читај повеќе

Одреден распоредот на натпревари за новата сезона во 1.МФЛ

Читај повеќе
  • play_arrow

Среќа во несреќа: Избегната трагедија на натпреварот помеѓу Унгарија и Казахстан

Читај повеќе

Дешан порача: Франција оди по пехарот!

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси имаше необична средба со Исланѓанец: Пред 17 години играше со татко му, сега против него

Читај повеќе