Родри откри зошто го одби Реал: Не беше поради Златната топка

Макфакс/Кајгана
/ 15.09.2026 / 17:34

Еден од најголемите трансфери од минатото лето можеше да има сосем поинаков епилог. Родри, веднаш откако стана светски шампион со Шпанија, ја смени одлуката, му кажа „не“ на Реал Мадрид и се пресели во Барселона.

Реал, како што тврдеа шпанските медиуми, постигнал договор со освојувачот на Златната топка за 2024 година и најдобриот играч на Светското првенство 2026, но играчот од средниот ред на крајот се одлучи за Барса.

Во изјава за Mundo Deportivo, играчот од средниот ред рече дека финансискиот пакет не влијаел на неговата одлука. Одлуката ја донел бидејќи стилот на Барселона му одговара повеќе и дека со овој тим може да направи поголем исчекор во кариерата.

Во исто време, мадриѓанецот ги негираше тврдењата дека неговата одлука била под влијание на ставот на мадридскиот клуб кон доделувањето на Златната топка во 2024 година, кога Родри беше во трка со Виниус Жуниор.

„Не е вистина дека го одбив Реал Мадрид затоа што ја бојкотираа наградата Златна топка. Тоа не ме погоди во тој момент. Тоа беше мој посебен ден. Нема смисла да се зборува за луѓе што не беа на церемонијата. Тоа беше прекрасен момент за мене и моето семејство“, изјави Родри за Mundo Deportivo.

Иако го избра најголемиот ривал на Реал, Родри зборува за мадридскиот клуб со голема почит.

„Не беше лесно да му кажам 'не' на Реал Мадрид, особено затоа што се однесуваа навистина добро кон мене. Ја донесов одлуката од спортски причини – се водев од она што ме привлекува повеќе и каде што чувствувам дека можам најмногу да победувам и да напредувам како играч.“

На почетокот на август, од Шпанија пристигна информација дека Реал испратил многу добра понуда до Родри, но дека играчот од средниот ред ја претпочитал Барселона поради стилот на игра на каталонскиот клуб и фактот што во тимот има голем број соиграчи од шпанската репрезентација.

Со доаѓањето на еден од најдобрите играчи од средниот ред во светот, амбициите на Барселона дополнително се зголемија, а Лигата на шампионите повторно е најголемата цел на каталонскиот клуб.

Сепак, Родри не сака однапред да го прогласи својот нов тим за фаворит за европската титула, и покрај тоа што тимот на Ханси Флик делува застрашувачки за противниците на почетокот на сезоната.

„Не мислам дека сме фаворити за освојување на Лигата на шампионите. Секако, играчи како мене беа донесени за да се оставари таа цел. Но, не мислам дека Лигата на шампионите е нужно натпреварување кое го добива најдобриот тим. Тоа е натпреварување каде што моментите одлучуваат.“

Родри верува дека Барселона сè уште треба да се подобри во одредени сегменти и да научи подобро да ги контролира клучните моменти на големите европски натпревари. Го гледа искуството на играчите кои веќе ја освоиле Лигата на шампионите како еден од начините тимот да го направи последниот чекор кон врвот на Европа.

реклама

„Протече“ документ: Путин најде нов сојузник во ЕУ, се подготвува средба во Москва

Read more

ФСБ објави досега невидени снимки од масакрот во Москва, во кој загинаа 149 луѓе

Read more

Мелони го крена Сенатот на нозе: Не жалам за Берлинскиот ѕид, ни за руските тенкови

Read more

Ролат по стариот добар рецепт сѐ по 6

Read more

Фудбал

Неверојатен статистички податок ги откри проблемите на Реал: Куртоа имаше повеќе додавања од средниот ред

Read more

Проблеми за Интер: Лаутаро се повреди и ќе го пропушти дербито со Милан

Read more

Извлечени осминафиналните двојки во Купот: Тиквеш против Вардар, џекпот за Работнички

Read more

Халанд и Мбапе синоќа рушеа рекорди во Лигата на шампионите

Read more

Спорт

Неверојатен статистички податок ги откри проблемите на Реал: Куртоа имаше повеќе додавања од средниот ред

Читај повеќе

Проблеми за Интер: Лаутаро се повреди и ќе го пропушти дербито со Милан

Читај повеќе

Извлечени осминафиналните двојки во Купот: Тиквеш против Вардар, џекпот за Работнички

Читај повеќе
  • play_arrow

Халанд и Мбапе синоќа рушеа рекорди во Лигата на шампионите

Читај повеќе

Винисиус: Мене ме фаулираат, а јас добивам картони

Читај повеќе
  • play_arrow

Драматична ноќ во Сплит: Навивачи на Хајдук нападнаа навивачи на Ајакс, уапсени 57 хулигани

Читај повеќе

Новата изборна идеја на Инфантино: По 25 милиони за сите асоцијации

Читај повеќе

ФИФА ги менува правилата по скандалот со Балогун и црвениот картон

Читај повеќе
  • play_arrow

Киву за бламажата со Бриж: Правевме работи несвојствени за зрел, амбициозен и квалитетен тим

Читај повеќе