Родри слета во Барселона во понеделникот вечерта, заклучувајќи еден од најголемите трансфери ова лето.
Шпанскиот репрезентативец од средниот ред беше на медицински прегледи утрово, по што ќе следи формално потпишување на договорот и официјална презентација кај каталонскиот гигант.
Иако летот беше одложен и тој пристигна во каталонската престолнина околу 20:15 часот, Родри не го криеше своето добро расположение пред собраните новинари на аеродромот:
„Многу сум среќен. Имав неколку интензивни денови зад мене, но ми е мило што сè е решено. Секако, играњето за Барселона е сон. Едвај чекам да бидам со моите соиграчи, а веќе ги познавам повеќето од нив. Ќе ја овоиме Лигата на шампионите. Ќе освоиме сè!“
Барселона и Манчестер Сити се договорија за трансферна сума во вкупна вредност од 76,5 милиони евра. Фиксниот дел од надоместокот е 60 милиони евра, додека преостанатите 16,5 милиони се предвидени преку разни бонуси.
Управниот одбор на Барселона продолжува да составува исклучително моќен состав за сезоната 2026/2027. По пристигнувањето на Ентони Гордон, Карим Адејеми и Жес Бисиву, Жуау Канселу исто така слета во клубот во понеделникот за да ја започне својата трета епизода во каталонскиот дрес.
Доколку сите административни детали бидат завршени на време, навивачите би можеле да ги видат Родри и другите засилувања за прв пат во среда на традиционалниот Жоан Гампер Трофеј на „Камп Ноу“ против египетскиот Ал Ахли.