Конзорциум од инвеститори, во кој се вклучени Кристијано Роналдо и Џери Кардинале, сопственикот на Милан, подготвува понуда за купување на саудискиот клуб Ал-Наср од тамошниот Јавен инвестициски фонд (PIF).
Заедно со Роналдо и Кардинале, кој го предводи RedBird Capital Partners, во групата се и претприемачите Ибрахим Ал-Мухајдиб, Мохамед Ал-Хурајџи и Шараф Ал-Харири.
Веста прв ја објави спортскиот аналитичар نواف التميمي, а ја потврдија и италијанските медиуми, пишува португалскиот A Bola.
Според планот, секој од петте членови на конзорциумот ќе инвестира најмалку 100 милиони долари, што е приближно 92 милиони евра. Таквата инвестиција би обезбедила значаен капитал за структурата и работењето на клубот од Ријад. Со реализација на оваа работа, Кристијано Роналдо повеќе нема да биде само прва ѕвезда на тимот, туку и косопственик на клубот за кој игра.
ريد بيرد ممثل الصندوق الاستثماري اللي سبق وذكرتهم
— نواف التميمي 📊. (@Nawaf_STATS) September 14, 2026
بتتم مناقشة عدة مواضيع مهمة، ومنها :
عوائل النقل التلفزيوني
قيمة الرعايات حاليًا متضخمة وأثر عودة الرعايات لوضعها السابق
مكافآت البطولات
اللوائح والأنظمة المعمول بها https://t.co/PxOvOBAGXF
Ова би претставувало уникатен аранжман во кој активниот играч станува и акционер на институцијата. Ал-Наср нормално му плаќа на Роналдо 200 милиони долари годишно.
Преговорите влегуваат во последна фаза. Претставници на RedBird Capital и други инвеститори треба да се сретнат со раководството на PIF во следните 24 часа. На тој состанок ќе се одлучи дали саудискиот суверен фонд за богатство ќе ја прифати понудата и ќе ја отстапи контролата врз Ал-Наср, или преговорите ќе бидат прекинати. Исходот би можел да има значително влијание врз глобалниот фудбалски пазар.
Роналдо (41) е во Ал-Наср од почетокот на 2023 година. Оттогаш има постигнато 126 голови и асистираше 24 пати во 148 натпревари.