Руни проговори за проблемите со алкохолот: Сопругата ме спаси

Макфакс/Кајгана
/ 25.09.2025 / 19:45

Легендарниот англиски фудбалер Вејн Руни призна дека имал проблем со алкохолизам.

Руни со години беше кошмар за противничките дефанзивци и голмани во дресот на Манчестер Јунајтед, Во поткаст со поранешниот соиграч Рио Фердинанд, тој призна дека долго време се борел со голем проблем.

„Ставав капки за очи и џвакав мастика пред тренинг за да не се забележи. Знаев дека ќе пијам без престан два дена, а потоа ќе доаѓам на натпревар и ќе постигнувам голови. После тоа, повторно ќе продолжам да пијам“, рече Руни и додаде:

„Не сакав да ги оптоварувам другите. Мислев дека можам сам да се справам со тоа, но не можев. Бев во сериозна неволја.“

Неговата сопруга Колин, со која е во врска уште од тинејџерските денови, го извлекла од проблемите со алкохолот.

„Колин ме познава подобро од кој било друг. Од 17-годишна возраст, таа може да види кога не сум во вистинската насока и секогаш знаеше како да ме запре. Таа ме држеше под контрола. Во некои моменти се прашував зошто постојано ми велеше „немој да го правиш ова, немој да го правиш она“, но денес знам дека таа ми го спаси животот. Искрено верувам дека без неа немаше да бидам жив“, искрено се присети Руни и подвлече:

„Моите грешки се добро познати на јавноста, но дваесет години таа е таа што ме враќа на вистинскиот пат. Без неа, одамна ќе залутав.“

реклама

Дали на Сенегал ќе му биде одземен трофејот, а на Мароко ќе му биде доделена победа од 3:0?

Read more

Утре снежни врнежи, наместа снежната покривка ќе се зголеми и до 25 сантиметри

Read more

Сончева бура каква што не е забележана 20 години ја погоди Земјата

Read more

4 најсреќни хороскопски знаци за време на владеењето на Водолија

Read more

Фудбал

Пеп ги прекрши сопствените правила во Норвешка: Ситуацијата овде е поинаква

Read more

ЛШ завршница: Дерби на Меаца, Реал и Сити бркаат влез во топ 8

Read more

Дали на Сенегал ќе му биде одземен трофејот, а на Мароко ќе му биде доделена победа од 3:0?

Read more

Дали Диас намерно го промаши пеналот во финалето од Африканскиот куп на нации?

Read more
 

Спорт

Шок во Херниг, браќата Кошта ја решија Данска

Читај повеќе
  • play_arrow

Ракометарите ја победија Романија, но само со еден гол разлика

Читај повеќе
  • play_arrow

Пеп ги прекрши сопствените правила во Норвешка: Ситуацијата овде е поинаква

Читај повеќе
  • play_arrow

Најлоши можни вести: Заврши сезоната за Џими Батлер

Читај повеќе

Македонија мора да ја победи Романија, потоа ќе навива за Данска

Читај повеќе
  • play_arrow

ЛШ завршница: Дерби на Меаца, Реал и Сити бркаат влез во топ 8

Читај повеќе

Дали на Сенегал ќе му биде одземен трофејот, а на Мароко ќе му биде доделена победа од 3:0?

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали Диас намерно го промаши пеналот во финалето од Африканскиот куп на нации?

Читај повеќе
  • play_arrow

Финалето на Африканскиот куп имаше и трето полувреме

Читај повеќе