Сан Марино пишува историја: Конечно состави сениорска женска репрезентација

Историска пресвртница за фудбалот во Сан Марино. Во понеделникот во прес-салата на стадионот „Сан Марино“ беше презентиран проект што ги ажурира сите поглавја од историјата на фудбалот во најслабата европска фудбалска нација.

За тоа што долго се зборуваше, сега станува реалност: Сан Марино ќе има сениорска женска фудбалска репрезентација. Претседаваше со конференцијата жената што ќе го води проектот: првата селекторка, поранешната италијанска репрезентативка Џулиа Доменикети.

Прв што зборуваше беше претседателот на Фудбалската федерација на Сан Марино (ФСГЦ), Марко Тура: „Ова е историски настан. Се впуштаме во патување кое наскоро ќе ни овозможи да се претставиме пред европскиот фудбал во сектор што досега никогаш не сме имале можност да го развиеме, и покрај тоа што ја негуваме желбата за тоа.“

Џулиа Доменикети, поранешна членка на репрезентацијата на Италија и пивот во футсал, но и поранешна тренерка на првиот тим на Сан Марино Академи од сезоната 2022/2023, потоа проговори: „Многу сум среќна што се враќам во санмаринскиот фудбал, а исто така сум особено горда што моето име беше меѓу оние што се разгледуваа за овој проект“. А, кога беше прашана какви чувства треба да отелотвори еден играч кога го носи дресот на Сан Марино, нејзиниот одговор беше апсолутно недвосмислен: „Гордост: гордоста да ја претставуваш својата земја и целото движење.“

Доменикети има 87 настапи за Италија и 6 постигнати голови, а со „Аѕурите“ играше на Европските првенства во 2005, 2009 и 2013. Играше и двапати против Македонија.

Вкупно 30 фудбалерки се повикани и избрани за првите тренинзи. Тренерскиот штаб е финализиран, а првата тренинг сесија под водство на Доменикети веќе е завршена: Сан Марино е подготвен да излезе на теренот за нов предизвик кон далечните хоризонти.

реклама

Шокантни сцени: Најголемото вештачко езеро во САД на најниско ниво досега

Read more

Колку долго јајцата можат да се остават надвор од фрижидер?

Read more

Детали за несреќата во Радишани: Возачот што избега му го пресекол патот на младиот мотоциклист кој загина

Read more

Играч спречи контра напад и предизвика сообраќајка

Read more

Фудбал

Играч спречи контра напад и предизвика сообраќајка

Read more

Војната продолжува: ФИФА жестоко одговори на критичарите на Инфантино

Read more

Мурињо практикува строгост во Реал: Едно правило спротивно на желбите на Мбапе

Read more

Бомбата што никој не ја очекуваше: Ливерпул го потпиша капитенот на Барселона

Read more

Спорт

  • play_arrow

Играч спречи контра напад и предизвика сообраќајка

Читај повеќе

Поранешни НБА играчи сакаат да играат во ВНБА, комесарот реагира итно

Читај повеќе

Војната продолжува: ФИФА жестоко одговори на критичарите на Инфантино

Читај повеќе

Мурињо практикува строгост во Реал: Едно правило спротивно на желбите на Мбапе

Читај повеќе

Бомбата што никој не ја очекуваше: Ливерпул го потпиша капитенот на Барселона

Читај повеќе

Винисиус го продолжи договорот со Реал

Читај повеќе

Тајните на ФБИ од СП го шокираа светот: Влегувам на стадионот за да го разнесам Меси со 4 бомби

Читај повеќе

Откажан натпреварот на Барса во Мароко поради мигрантската криза

Читај повеќе

Инфантино доби поддршка од Африка, Аргентина и Мексико

Читај повеќе