СЕРИЈА А 2025/2026

Сари: Лацио треба да го бојкотира римското дерби ако се игра напладне

Викендов треба да се игра жестокото Дерби дела Капитале меѓу Рома и Лацио. Но, останува да се види кога ќе биде закажано, во недела во 12:30 часот или во понеделник навечер, поради расправијата меѓу Серија А и локалните градски власти.

Нјажесток критичар на лошиот термин за ова вечно дерби е тренерот на Лацио, Маурицио Сари, кој по којзнае кој пат јавно зборуваше на оваа тема.

Сега се обрати по синоќешниот пораз на лацио во финалето од Копа Италија против Интер со 2:0.

„Што мислам за дербито кое сè уште не се знае кога ќе се игра? Мислам дека ќе дојдам во понеделник, но ако сакаат да го играат дербито напладне во недела, нема да дојдам. Тоа е моето чувство. Можат сами да си го играат“, рече Сари.

„Ова е серија грешки направени од Лега Серија А. Го организираа торинско дерби околу финалето на АТП тенисот во Торино, а потоа римското дерби кога се одржува Отвореното првенство на Италија во Рим.“

„Ова беа нивни грешки и се согласувам со локалните власти, па се надевам дека ќе играме во понеделник. Да бев претседател на Лацио, немаше ни да се појавам со тимот в недела. За нас нема никаква разлика, ќе изгубиме бодови поради казни, не би одел.“

„Тие прават серија неверојатни грешки, никој не ги крева рацете и не вели дека сме направиле грешка. Се сомневам дека би ја задржал работата ако правев три или четири грешки дневно. Не можат да се преправаат дека ова е нормално, има пет тима кои играат натпревари што вредат 90 милиони евра за нивната иднина, не можете да ги натерате да играат напладне. Ова не е фудбал.“

Пет натпревари од Серија А мора да се играат истовремено за да се обезбеди фер игра во трката за место во Лигата на шампионите, но римското дерби е закажано за истото попладне со финалето на Италија опен тенисот во машка конкуренција.

И двете места, „Олимпико“ за фудбал и „Чентрале дел Тенис“ за тенис, се наоѓаат во истиот спортски комплекс „Форо Италико“, па затоа би вклучувале илјадници навивачи во истата област.

Во вторникот, префектот на Рим, Ламберто Џанини, нареди Дербито дела Капитале да биде презакажано, но Лега Серија А го одби тоа. Оттаму предложија Рома - Лацио да се игра половина час порано, точно на пладне од 12:00, бидејќи така, според нив, би имало доволно време да се расчисти гужвата до 17 часот за кога е закажано машкото финале на Италија опен.

Од друга страна, претседателот на Лега Калчо, Еѕио Симонели, останува на тврдиот став дека дербито мора да се игра на пладне, а згора на тоа бара тениското финале да се помести за половина час подоцна.

„Поднесовме формален предлог до Министерството за внатрешни работи за да се најде решение: подготвени сме да го поместиме почетокот на сите пет натпревари да биде 12:00 часот. Се надеваме дека Италијанската тениска федерација ќе издаде сличен датум за одложување на финалето за половина час и се надеваме дека ќе добиеме одговор од сите. Доколку ова не биде прифатено, ќе се жалиме до Регионалниот административен суд“, рече Симонели, кој синоќа беше на куп финалето во Рим

Потоа додаде: „Кога го одбравме терминот 12:30 во недела, со оглед на забраната за вечерен термин, верувавме дека има доволно време да се организираат двата настана. Можеби префектурата има информации што ние не ги знаеме. Од чувство на одговорност кон 300.000 навивачи, го предложивме ова решение и ве уверувам дека поместувањето на натпреварот за половина час порано не е вообичаена работа, бараме од играчите и тимовите да направат жртва.“

Инаку, единствената позитива за лацио од синоќешниот пораз беше тоа што навивачите се вратија на трибините на стадионот „Олимпико“ откако го прекинаа својот повеќемесечен бојкот на домашните натпревари, кој е директно насочен кон претседателот Клаудио Лотито, а не кон играчите или тренерот.

реклама

Местата што Македонците ги сакаат, тие ги одбегнуваат: Каде во Грција летуваат Грците?

Read more

Замрзнатото месо има рок на траење: Колку долго може да го чувате во замрзнувач?

Read more

X-59 ја проби звучната бариера: Отвора пат за тивки, брзи патнички авиони

Read more

Србија има нови правила за електричните тротинети: Што можеме да научиме од соседите?

Read more

Фудбал

Челси нуди 115 милиони евра за Арда Ѓулер

Read more

Платини поднесе кривична пријава против првиот човек на ФИФА

Read more

Одреден распоредот на натпревари за новата сезона во 1.МФЛ

Read more

Среќа во несреќа: Избегната трагедија на натпреварот помеѓу Унгарија и Казахстан

Read more

Спорт

Челси нуди 115 милиони евра за Арда Ѓулер

Читај повеќе

Ракометарите добија интересна група на Светското 2027, ќе играат во Магдебург

Читај повеќе

Доби зелено светло: Синер ќе игра на Вимблдон

Читај повеќе

Платини поднесе кривична пријава против првиот човек на ФИФА

Читај повеќе
  • play_arrow

НБА ја призна грешката: Вембанјама мораше да биде казнет

Читај повеќе

Одреден распоредот на натпревари за новата сезона во 1.МФЛ

Читај повеќе
  • play_arrow

Среќа во несреќа: Избегната трагедија на натпреварот помеѓу Унгарија и Казахстан

Читај повеќе

Дешан порача: Франција оди по пехарот!

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси имаше необична средба со Исланѓанец: Пред 17 години играше со татко му, сега против него

Читај повеќе