КУП НА МАКЕДОНИЈА 2026/2027 1. КОЛО

Саса го исфрли Шкупи од Купот, рана елиминација за ланското изненадување Охрид

Филип Здравески
/ 09.09.2026 / 19:11

Денеска се одиграа седум натпревари од првото коло во Купот на Македонија, по што сега се познати 13 од 16-те осминафиналисти.

Од дуелот Дет. Плачковица - Шкендија 77; Фото: Радовишки спортски мозаик

Најголемото изненадување го приреди третолигашот Саса кој во Македонска Каменица со минимални 1:0 го совлада чаирски Шкупи и го исфрли од Купот. Според имињата на клубовите, ова е изненадување, но со оглед на проблемите со кои чаирскиот клуб со соочува и игра со младинци, во реалноста и не е толкаво изненадување.

Лани Охрид Лихнидос беше на чекор од големото финале, по пат го елиминираше и Вардар, но сега заринка уште во првото коло. Охриѓани не успеаја да го преживеат Новаци и со гол на две минути пред крајот се соочија со неочекувана рана елиминација.

Арачиновска Шкендија 77, која како и охриѓани лани беше полуфиналист, го продолжува патот откако победнички мина низ Радовиш кај Плачковица.

Беласица со пресврт славеше на гости кај Осогово, Скопје минимално триумфираше кај Кожуф, додека Башкими лесно мина кај третолигашот БВК Коњаре и го почести со петарда.

Тетекс од непознати причини наместо во Тетово глумеше домаќин во Штип на теренот на својот противник Брегалница. Иако Тетекс поведе, штипјани триумфираа со 4:1.

Остануваат уште три натпревари за да се комплетираат сите осминафинналисти, а тие ќе се одиграат на 24 месецов (Могила - Арсими) и на 6 и 14 октомври (Крошу - Тиквеш и Вардар Неготино - Работнички).

Претходно место во осминафиналето обезбедија Струга, Пелистер, Брера Струмица, Македонија ЃП и Вардар, додека Силекс како актуелен шампион го прескокна првото коло.

Стадион „Петровец“ во Петровец
БВК Коњаре - Башкими 0:5 (0:1)
Стрелци: 25' (аг) Бурим Алиев, 62' Теодор Мирчевски, 69' Џулјан Капланај, 78' Андри Стафа, 81' Стефан Ристовски
Главен судија: Боби Величков (Велес)

Стадион „Градски“ во Македонска Каменица
Саса - Шкупи 1:0 (1:0)
Стрелци: 36' Драган Паунов
Главен судија: Ивица Перовски (Брвеница)

Стадион „Градски“ во Штип
Тетекс - Брегалница 1:4 (1:1)
Стрелци: 28' Никола Ристевски - 36' Филип Алексовски, 49' Натаниел Лорензоу, 73' (аг) Мартин Јованоски, 77' Даријан Тасев
Главен судија: Александар Василевски (Скопје)

Стадион „Градски“ во Радовиш
Дет. Плачковица - Шкендија 77 1:3 (0:2)
Стрелци: 54' Бранимир Иванов - 33' Дашмир Елези, 42' Марко Симоновски, 68' (п) Бесир Демири
Црвени картони: 67' Асан Рифадов (ДП)
Главен судија: Благојче Ралевски (Битола)

Стадион „Новаци“ во Новаци
Новаци - Охрид Лихнидос 1:0 (0:0)
Стрелци: 88' Јованчо Трајкоски
Главен судија: Ндерим Тефику (Куманово)

Стадион „Градски“ во Гевгелија
Кожуф - Скопје 0:1 (0:1)
Стрелци: 45'+1 Виктор Ангелов
Главен судија: Ангелчо Ристов (Неготино)

Стадион „Никола Мантов“ во Кочани
Осогово - Беласица 1:3 (1:0)
Стрелци: 40' Даријан Трајчов - 47' Елмаз Емуш, 61' Благој Стојанов, 88' Рон Мемеди
Главен судија: Јордан Јовановски (Гевгелија)

реклама

Од 16 октомври Плутон веќе не е ретрограден: 3 хороскопски знаци ги чека голема среќа

Read more

Расте бројот на бракови со деца во Германија, податоците загрижуваат

Read more

Конзервирана риба што е поевтина од туната, а е многу здрава

Read more

Украински пратеник му порача на Зеленски: Оди во Москва или Минск и преговарај за мир

Read more

Фудбал

Новата изборна идеја на Инфантино: По 25 милиони за сите асоцијации

Read more

ФИФА ги менува правилата по скандалот со Балогун и црвениот картон

Read more

Киву за бламажата со Бриж: Правевме работи несвојствени за зрел, амбициозен и квалитетен тим

Read more

Касано безмилосно удри по Кристијано Роналдо: Станува предмет на потсмев

Read more

Спорт

Новата изборна идеја на Инфантино: По 25 милиони за сите асоцијации

Читај повеќе

ФИФА ги менува правилата по скандалот со Балогун и црвениот картон

Читај повеќе
  • play_arrow

Киву за бламажата со Бриж: Правевме работи несвојствени за зрел, амбициозен и квалитетен тим

Читај повеќе
  • play_arrow

Касано безмилосно удри по Кристијано Роналдо: Станува предмет на потсмев

Читај повеќе

Ужасни сцени дома го спречија голманот на Виљареал да игра против Наполи

Читај повеќе

Го одбиваа, сега го молат: Кој е дечкото што го „згази“ Интер? 

Читај повеќе
  • play_arrow

13 октомври во македонскиот фудбал: Историја во Крањ и бламажа во Андора

Читај повеќе

Швајцарците ќе градат стадион каков што светот досега нема видено

Читај повеќе

Меси одбра 10 таленти што ќе ја одбележат иднината на фудбалот

Читај повеќе