Се решава најголемиот правен преседан во фудбалот: Кој е шампион на Африка?

Макфакс/Кајгана
/ 08.10.2026 / 21:00

Вниманието на фудбалскиот свет, денес е насоченo кон Лозана, каде што Арбитражниот суд за спорт (ЦАС) одржа расправа за жалбата на Фудбалската федерација на Сенегал (ФСФ) против одлуката за одземање на титулата од Африканскиот куп на нации 2025.

Овој случај се заканува да постави еден од најважните правни преседани во модерниот африкански и светски фудбал, со оглед на невидените настани од драматичниот финален натпревар.

Финалето помеѓу Сенегал и домаќинот Мароко, одиграно на 18 јануари 2026 година, беше обележано со жесток скандал.

Репрезентацијата на Сенегал го напушти теренот во знак на протест поради поништениот гол и контроверзната одлука за ВАР, домаќинот да добие пенал. Прекинот траеше цели 17 минути.

Иако играчите подоцна се вратија на теренот и успеаја да победат со 1:0 по продолженијата, но за сите Сенегалци шокантната одлука дојде два месеца подоцна.

На 17 март, Комитетот за жалби на Африканската фудбалска конфедерација (ЦАФ) пресуди дека Сенегал направил службен прекршок со напуштањето на теренот и практично го предал натпреварот, со што административно му го доделил трофејот и службена победа од 3:0 на Мароко.

ФСФ најави правна битка и побара интервенција од независен орган.

ЦАС потврди дека расправата ќе се одржи зад затворени врати во Лозана и дека конечната одлука и пресуда нема да бидат објавени на самиот ден на расправата, туку за неколку дена.

Фудбалскиот свет со нетрпение очекува епилог што би можел радикално да ја промени судбината на континенталниот трофеј.

реклама

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Read more

Време на зимници: Како да направите домашен сок од јаболка?

Read more

Кос: Добив јасни сигнали дека нема смисла да барам средба со Јанша

Read more

Брз и вкусен ручек за по работа: Печена брокула со кашкавал и павлака

Read more

Фудбал

Крај на една ера: Португалија го објави првиот состав без Роналдо

Read more

Мауро Икарди очајнички сака да се врати во Серија А: Му се нуди на Интер, би се преселил и во Јуве

Read more

Инфантино му оддаде почит на Роналдо: Постигна подвизи што можеби никогаш нема да се повторат

Read more

Кој е 17-годишниот вундеркинд кој доби повик од Клоп?

Read more

Спорт

Крај на една ера: Португалија го објави првиот состав без Роналдо

Читај повеќе

Хамилтон стои зад критиките кон Леклер: Никогаш нема да се извинам 

Читај повеќе

Мауро Икарди очајнички сака да се врати во Серија А: Му се нуди на Интер, би се преселил и во Јуве

Читај повеќе

Инфантино му оддаде почит на Роналдо: Постигна подвизи што можеби никогаш нема да се повторат

Читај повеќе
  • play_arrow

Кој е 17-годишниот вундеркинд кој доби повик од Клоп?

Читај повеќе

Недопирливо наследство: Засега никој нема да ја носи „десетката“ на Меси

Читај повеќе

Роналдо не сака ни проштален натпревар за Португалија

Читај повеќе
  • play_arrow

Доктор ја објаснува трагедијата со смртта на Хесус де Мигел

Читај повеќе
  • play_arrow

Соборен Гинисов рекорд: 51 исклучување на еден натпревар во Бразил

Читај повеќе