уефа лига на нации 2026/2027 лига б

Седлоски: Како играч никогаш немав 4 натпревари во 10 дена, ќе ротирам

Филип Здравески
/ 16.09.2026 / 13:22

Селекторот на македонската репрезентација, Гоце Седлоски, денеска одржа прес-конференција на која го објави списокот на повикани фудбалери за четирите натпревари од новата сезона на Лигата на нации, каде „Рисовите“ ќе играат против Швајцарија, Словенија и Шкотска.

Фото: ФФМ

На списокот се најдоа четворица дебитанти и тоа дефанзивците Анес Мељичи и Ѓорге Џеков, првиот од Шкендија, вториот од Силекс, потоа играчот од средниот ред на белградска Црвена звезда, Матеј Гаштаров, како и голгетерот од домашната лига и напаѓач на Струга, Христијан Малески.

По пауза од четири години во националниот тим се враќа и дефанзивецот Марио Младеновски, кој со добрите настапи во дресот на хрватски Вараждин се избори за повик. Поради повреда Седлоски не може да смета на стоперот Никола Серафимов од софиски Левски, а од претходниот список не ги повика Дарко Велковски, Георгије Јанкулов, Имран Фетаи, Јован Манев, Стефан Деспотовски, Сефер Емини, Дарко Анѓелески, Дарко Додев и Милан Ристовски.

„Можеме да очекуваме борба, залагање и максимум на секој натпревар. Никогаш како играч немав четири натпревари во десет дена. Затоа повикав 25 фудбалери и три голмани. Ќе мора да ротираме и шанса ќе добијат повеќе играчи. Сакав да спојам младост и искуство. За никого не е затворена вратата од репрезентацијата, но ова е мојот избор за овие четири натпревари“, изјави Седлоски.

Селекторот очекува тимот во краткиот период на подготовки да ја изгради потребната компактност и хемија.

„Мора да бидеме компактни. Овие пет дена ќе ги искористиме да покажеме дека имаме тимска хемија. Никогаш претходно не биле повикани 6 фудбалери од македонската лига. Омерагиќ и Малески минатата сезона заедно постигнаа триесетина голови, а и оваа сезона редовно погодуваат и го заслужија повикот. Тука се Растодер и Миовски и мислам дека сме добро екипирани во нападот. Четири натпревари сме без постигнат гол, но верувам дека и нападот ќе проработи. Средниот ред мислам дека ни е адут“, додаде селекторот.

Седлоски најави промени и во дефанзивната линија, со Илиевски како една од опциите по десната страна, а во конкуренција е и Стојчевски. Остави можност списокот дополнително да биде надополнет.

„Желбата ми е да ги победиме сите четири натпревари, но реалноста е дека и противниците имаат свои квалитети. Во овој момент размислуваме само за првиот натпревар и за Швајцарија. Ги следев нивните натпревари на Светското првенство и мислам дека ќе бидат фаворити во групата. Но, верувам дека можеме да се носиме и со нив, и со Шкотска и Словенија“, вели Седлоски.

Селекторот се осврна и на клупската ситуација на неколку репрезентативци. Посебно го радува фактот што Елиф Елмас пронајде средина во која ќе има можност да игра во континуитет откако летово пристигна во Бергамо во дресот на Аталанта.

„Ме радува што Елмас пронајде клуб каде што ќе настапува во континуитет. Разговарав и со Миовски, кој во еден момент беше со мислите надвор од Ренџерс. Но, дојде до пресврт и тренерот му вети минутажа. Јас ќе бидам најсреќен ако нашите фудбалери играат редовно и се во натпреварувачки ритам“, заклучи Седлоски.

Remote video URL

Македонија циклусот го отвора на 26 септември на домашен терен против Швајцарија, а потоа следуваат гостувањето кај Словенија на 29-ти, домашниот натпревар со Шкотска на 3 октомври и гостувањето кај Швајцарија три дена подоцна. Последните два натпревара од групата ќе се играат во ноември.

реклама

Дали петок 13 ноември 2026 ќе биде „Судниот ден“?

Read more

Пилешките стекови ќе бидат посочни ако додадете една состојка пред готвењето

Read more

Сепаратистичка партија победи на изборите во Квебек и најави референдум за отцепување

Read more

Што се случува со крвниот притисок кога пиете повеќе вода?

Read more

Фудбал

Последно танго за вечноста: Меси во солзи се збогуваше со Аргентина

Read more

Муслиу: За успех мора сите да учествуваме дефанзивно

Read more

Седлоски: Не дојдовме само да го одиграме натпреварот

Read more

Бенин има урнебесен тактички план за Меси на збогувањето: Не го чуваме, само ќе уживаме

Read more

Спорт

  • play_arrow

Последно танго за вечноста: Меси во солзи се збогуваше со Аргентина

Читај повеќе

Седум земји во трката за домаќин на Олимписките игри 2036 

Читај повеќе

Муслиу: За успех мора сите да учествуваме дефанзивно

Читај повеќе

Седлоски: Не дојдовме само да го одиграме натпреварот

Читај повеќе

Евролигата ја одби понудата од НБА

Читај повеќе
  • play_arrow

Јаник Синер објави крај на сезоната

Читај повеќе

Бенин има урнебесен тактички план за Меси на збогувањето: Не го чуваме, само ќе уживаме

Читај повеќе

Ѓоковиќ: Кога ќе ги решам здравствените проблеми, не гледам проблем да стигнам до ОИ во Лос Анџелес

Читај повеќе

Португалски новинар тврди: Роналдо не сака да игра за репрезентацијата додека Жорже Жезуш е селектор

Читај повеќе