Седлоски: Оставете ги играчите, јас ги бирам и одговорноста е моја

Филип Здравески (од Истанбул)
/ 01.06.2026 / 22:18

По дебаклот во Истанбул селекторот Гоце Седлоски ја презеде одговорноста.

Фото: ФФМ

„Ѝ честитам на Турција, заслужено нè победи. Одлична репрезентација е со многу квалитетни фудбалери. Ја преземам целата одговорност бидејќи јас ги поставувам играчите. Ова е пријателски меч, на сите играчи им дадов шанса. Од овие натпревари треба да учиме многу. Точно е, имаме четири натпревари без постигнат гол. Работиме на тренинзите на тој сегмент. Игравме со силни репрезентации, а иако тоа не е оправдување, мора да работиме. Од наши грешки примавме голови и мора да продолжиме, да анализираме што погрешивме и да не ни се повторуваат тие ситуации. За дел од тимот ова е ново, па се надевам дека ќе биде добро. Данска и Турција ни дадоа по четири гола. Иако денес одигравме пријателска средба, мора да се учи“, рече Седлоски.

Иако резултатот говори за тежок пораз, селекторот смета дека играчите го дале максимумот.

„Во процес сме на создавање нешто ново, се знае дека кој и да е повикан мора да даде максимум. Не смееме да се распаѓаме по примен гол. Мора да ги научам играчите дека треба да се оправда довербата да се биде дел од репрезентацијата. Имам слика за секој играч во главата и треба да одлучам како ќе работиме пред Лигата на нации. Дел од измените ни беа принудни на полувреме. Имаше играчи кои требаше да влезат по еден час игра, ама не бев задоволен од дефанзивата која јас ја поставив тактички и затоа менував. Мислам дека сите го дадоа максимумот, но против вакви репрезентации како Турција и Босна секоја грешка не се простува. Моите играчи не смеат да прават вакви грешки, морам тоа добро да го анализирам за во иднина да не се повторува.“

На крајот порача дека тој е оној што бира фудбалерите и тој е одговорен за резултатите.

„Оставете ги играчите, јас сум тој што ги бира, одговорноста е моја. Што ќе биде за следниот собир, ќе видиме. Да не заборавиме и дека многу играчи ни се повредени и ни недостасуваат.“

Следниот предизвик за Македонија е Лигата на нации која почнува на крајот од септември.

реклама

Животот се менува на подобро за 3 хороскопски знаци до крајот на јуни

Read more

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Read more

Мундијалски приказни: Дали Тито навистина продал натпревар на Светско за 700 милиони марки?

Read more

Колку ќе ве чини само да го однесете Mercedes-AMG One на редовен сервис?

Read more

Фудбал

Кристијан Ериксен повторно го оживуваа на терен среде натпревар

Read more

Италијанците сигурни: Манчини ќе биде новиот селектор, договорено е

Read more

Мундијалски приказни: Дали Тито навистина продал натпревар на Светско за 700 милиони марки?

Read more

Јамал конечно откри зошто секогаш носи завој на раката

Read more

Спорт

  • play_arrow

Кристијан Ериксен повторно го оживуваа на терен среде натпревар

Читај повеќе

Италијанците сигурни: Манчини ќе биде новиот селектор, договорено е

Читај повеќе
  • play_arrow

Мундијалски приказни: Дали Тито навистина продал натпревар на Светско за 700 милиони марки?

Читај повеќе

Јамал конечно откри зошто секогаш носи завој на раката

Читај повеќе
  • play_arrow

Напаѓачот на Ирак 7 часа бил испрашуван на аеродромот во Чикаго

Читај повеќе

Робин ван Перси доби отказ

Читај повеќе
  • play_arrow

Флорентино Перес победи на претседателските избори во Реал и објави: Жозе Мурињо е наш нов тренер

Читај повеќе

Два клуба од Премиер лигата во трка да го потпишат најскапиот Италијанец во историјата

Читај повеќе

Бразил без Нејмар посилен од Египет, Аргентина победи без Меси

Читај повеќе