Седлоски повика 27 играчи, меѓу нив дури 8 од домашната лига

Филип Здравески
/ 21.05.2026 / 12:21

Селекторот на македонската репрезентација, Гоце Седлоски, го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за претстојните пријателски натпревари против учесниците на Мундијалот 2026, Босна и Херцеговина и Турција.

Фото: ФФМ

На денешната прес-конференција Седлоски објави список со 27 имиња од кои дури шестмина се дебитанти. Откако вчера со Силекс го освоија Купот на Македонија, деби повик добија крилниот напаѓач Дарко Додев и играчот од дефанзивната средина и капитен на тимот, Дарко Анѓелески. Тројца од оние што ќе чекаат деби настап се од новопечениот лигашки шампион Вардар, и тоа голманот Давор Талески, десниот латерален бек Георгије Јанкулов и напаѓачот и капитен Азер Омерагиќ. Последниот дебитант е левиот бек Дин Аломеровиќ, кој игра во Романија. Талески претходно беше повикуван, но сѐ уште нема запишано настап.

Селекторот направи доста промени од мартовскиот список, неповикувајќи неколкумина играчи, но и неколку не му беа достапни поради повреди. Такви се случаите со Љупчо Дориев, Лука Станковски, Егзон Бејтулаи, Марио Илиевски и Димитар Митровски, додека поради клупски обврски не можат да се стават на располагање Тихомир Костадинов и Андреј Стојчевски.

Голмани:
Столе Димитриевски – Валенсија (Шпанија)
Дамјан Шишковски – Борац (Босна и Херцеговина)
Давор Талески – Вардар

Одбрана:
Ѓоко Зајков – Аџман (ОАЕ)
Висар Муслиу – Синт-Трујден (Белгија)
Никола Серафимов – Левски (Бугарија)
Дин Аломеровиќ – УТА (Романија)
Езѓан Алиоски – Лугано (Швајцарија)
Јован Манев – Нови Пазар (Србија)
Имран Фетаи – Шкендија
Себастиан Ерера Кардона – Борац (Босна и Херцеговина)
Стефан Деспотовски – ОФК Београд (Србија)
Дарко Велковски – Вардар
Георгије Јанкулов – Вардар

Средина:
Елиф Елмас – Наполи (Италија)
Енис Барди – Конјаспор (Турција)
Бобан Николов – Вардар
Јани Атанасов – Лариса (Грција)
Агон Елези – Сараево (Босна и Херцеговина)
Сефер Емини – Сендерјиске (Данска)
Дарко Анѓелески – Силекс
Дарко Додев – Силекс

Напад:
Бојан Миовски – Ренџерс (Шкотска)
Дарко Чурлинов – Коџаелиспор (Турција)
Елмин Растодер – Тун (Швајцарија)
Азер Омерагиќ – Вардар
Милан Ристовски – Бохемианс 1905 (Чешка)

Македонија на 29 мај гостува во Сараево кај Босна и Херцеговина, додека веднаш потоа на 1 јуни оди за Истанбул на пресметка со Турција.

Собирот на репрезентацијата е закажан за 25 мај во хотелот „Хилтон“ во Скопје.

реклама

Животот се менува на подобро за 3 хороскопски знаци до крајот на јуни

Read more

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Read more

Мундијалски приказни: Дали Тито навистина продал натпревар на Светско за 700 милиони марки?

Read more

Колку ќе ве чини само да го однесете Mercedes-AMG One на редовен сервис?

Read more

Фудбал

Кристијан Ериксен повторно го оживуваа на терен среде натпревар

Read more

Италијанците сигурни: Манчини ќе биде новиот селектор, договорено е

Read more

Мундијалски приказни: Дали Тито навистина продал натпревар на Светско за 700 милиони марки?

Read more

Јамал конечно откри зошто секогаш носи завој на раката

Read more

Спорт

  • play_arrow

Кристијан Ериксен повторно го оживуваа на терен среде натпревар

Читај повеќе

Италијанците сигурни: Манчини ќе биде новиот селектор, договорено е

Читај повеќе
  • play_arrow

Мундијалски приказни: Дали Тито навистина продал натпревар на Светско за 700 милиони марки?

Читај повеќе

Јамал конечно откри зошто секогаш носи завој на раката

Читај повеќе
  • play_arrow

Напаѓачот на Ирак 7 часа бил испрашуван на аеродромот во Чикаго

Читај повеќе

Робин ван Перси доби отказ

Читај повеќе
  • play_arrow

Флорентино Перес победи на претседателските избори во Реал и објави: Жозе Мурињо е наш нов тренер

Читај повеќе

Два клуба од Премиер лигата во трка да го потпишат најскапиот Италијанец во историјата

Читај повеќе

Бразил без Нејмар посилен од Египет, Аргентина победи без Меси

Читај повеќе