летни трансфери 2026

Сега навистина е готово: Влаховиќ го напушта Јувентус

Се одржа клучен состанок меѓу челниците на Јувентус и Душан Влаховиќ, неговиот агент и татко, Милош, кој ја одреди судбината на српскиот фудбалер во Торино. На крајот, одлуката беше донесена - голгетерот летово ќе ги напушти „Бајнконерите“, објави доверливиот инсајдер Џанлука ди Марцио.

Едноставно кажано, односот помеѓу финансиската понуда на клубот и финансиското барање на играчот не можел да најде златна средина. Наводно, според италијанските медиуми, „Бјанконерите“ понудиле нов договор вреден 7 милиони евра по сезона, што би го ставило Душан на исто ниво на приходи како и Кенан Јлдз. За пример, поранешниот напаѓач на Фиорентина оваа сезона заработи 12 милиони евра, па може да се каже дека оваа бројка објаснува зошто не успеале да најдат заеднички јазик.

Мора да се признае - се чини дека имало мала сатурација помеѓу Влаховиќ и Јувентус. Очигледно е дека најтрофејниот италијански клуб мора да тргне во поинаква насока за да се врати на патеките на славата, оние по кои одеше кога не беше во прашање кој ќе биде шампион на Серија А. На пример, оваа сезона, Јуве остана без место Лигата на шампионите и тоа во последното коло поради комбинација од други резултати, и од октомври ќе се најде во второто најсилно континентално натпреварување.

Што се однесува до Душан, ниту тој немаше најдобра сезона. Иако го пронајде својот ритам во постигнувањето голови на крајот од годината, завршувајќи со 10 гола и 2 асистенции во 23 натпревари во сите натпреварувања за „Старата дама“, во поголемиот дел од натпреварувањето на три фронта Влаховиќ беше надвор од терените поради повреда и не можеше да го покаже својот целосен потенцијал. Затоа, ќе биде многу интересно да се види кој тим ќе биде спремен финансиски да го задоволи српскиот ас, а со тоа да покаже доверба во неговите вештини.

За потсетување, во последните месеци, а и во текот на целата сезона, бројни клубови беа поврзувани со најдобар напаѓач на репрезентацијата на Србија - од овогодинешниот финалист во Лигата на шампионите, Арсенал, до шпанскиот шампион Барселона. Фенербахче и Милан исто така беа срамежливо споменувани понекогаш, а ќе видиме дали некој од овие кандидати повторно ќе ја фрли својата јадица кон Торино.

Влаховиќ одигра вкупно 168 официјални натпревари за Јувентус и постигна 68 голови и направи 16 асистенции, што го прави најдобар стрелец на тимот со изминатите години. Им се придружи на „Бјанконерите“ пред четири години како големо засилување од Фиорентина за 85,4 милиони евра. Во тимопт од Фиренца дојде од Партизан, кој за тиојх атрснфер доби 3,20 милиони евра.

Многумина веруваат дека неговите бројки не ги исполнија очекувањата, иако успесите на самиот тим покажуваат дека Душан некако се вклопил во сивилото на целиот клуб, кој за време на неговиот мандат може да се пофали дека освоил само еден трофел, оној во Копа Италија.

26-годишниот Влаховиќ го напушта Јуве како слободен играч бидејќи договорот му завршува на 30 јуни.

реклама

Нуркачи конечно го најдоа римскиот мост стар 1.700 години во Швајцарија  

Read more

Почнува со емитување каналот Арена спорт Македонија

Read more

Неделен хороскоп од 8 до 14 јуни за секој знак

Read more

Куба ја погоди најсилен земјотрес во последните 70 години, тресеше и на Флорида

Read more

Фудбал

Колку ќе заработат судиите на Светското првенство?

Read more

Безбедносен трилер зад кулисите: Фудбалерите на Сенегал и Узбекистан претресувани како криминалци

Read more

САД не му дозволи влез на најдобриот африкански судија, ФИФА немоќна

Read more

Бразилец ќе суди на отворањето на Светско

Read more

Спорт

  • play_arrow

Почнува со емитување каналот Арена спорт Македонија

Читај повеќе

Колку ќе заработат судиите на Светското првенство?

Читај повеќе

Преседан на ИХФ: Мундијалска вајлд карта за Турција и Саудиска Арабија

Читај повеќе

Безбедносен трилер зад кулисите: Фудбалерите на Сенегал и Узбекистан претресувани како криминалци

Читај повеќе

САД не му дозволи влез на најдобриот африкански судија, ФИФА немоќна

Читај повеќе

Бразилец ќе суди на отворањето на Светско

Читај повеќе

Гросо е нов тренер на Фиорентина

Читај повеќе
  • play_arrow

Вемби ги предводеше Спарс до победа над Никс и ја намали разликата во финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Џака повторно го покажа албанскиот симбол за кој ФИФА го казни

Читај повеќе