КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2026 КАНАДА/САД/МЕКСИКО

Селекторот Милевски го објави списокот на играчи за одлучувачкиот меч против Велс

Филип Здравески
/ 06.11.2025 / 11:11

Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски, денеска на прес-конференција го објави списокот на повикани играчи за пријателската против Латвија и одлучувачкиот дуел против Велс во рамките на квалификациите за пласман на Мундијалот 2026.

Фото: Кајгана

Македонија прво в четврток на 13 ноември ќе одигра пријателска против Латвија во Скопје бидејќи е слободна во претпоследното квалификациски коло, што ќе биде и последна подготовка пред главниот ноемвриски настан и клучен меч во овие квалификации - гостувањето кај Велс во последното коло. Македонија и Велс се борат за второто место во групата, место кое води во баражот за пласман на Мундијалот 2026.

Хендикеп за Милевски ќе биде отсуството на латералниот бек Езѓан Алиоски, кој има скршеница на фибулата. Назад во тимот се Димоски, Трапановски и Ќамили, кои не беа на списокот во октомври.

Селекторот најави дека фокусот е на Велс и дека доколку би можел не би играл пријателска пред овој важен меч, но правилата на УЕФА налагаат дека мора слободниот прозорец да се искористи. Повикани се вкупно 28 играчи, а Милевски најави дека на пријателската шанса ќе добијат оние со помала минутажа.

Голмани:
Столе Димитриевски – Валенсија (Шпанија)
Дејан Илиев – УТА (Романија)
Дамјан Шишковски – Борац (Босна и Херцеговина)
Игор Алексовски – Фламуртари (Албанија)

Одбрана:
Висар Муслиу – Син-Трујден (Белгија)
Никола Серафимов – Левски (Бугарија)
Ѓоко Зајков – Аџман (ОАЕ)
Бојан Димоски – ТСЦ (Србија)
Андреј Стојчевски – Словацко (Чешка)
Дарко Велковски – Зрињски (Босна и Херцеговина)
Стефан Деспотовски – ОФК Београд (Србија)
Бојан Илиевски – Струга
Стефан Ашковски – Раднички Ниш (Србија)

Средина:
Енис Барди – Конјаспор (Турција)
Јани Атанасов – Лариса (Грција)
Елиф Елмас – Наполи (Италија)
Исник Алими – Далјен Инбо (Кина)
Лука Станковски – Раднички 1923 (Србија)
Тихомир Костадинов – Сигма (Чешка)
Решат Рамадани – Шкендија
Давид Бабунски – Вардар

Напад:
Бојан Миовски – Ренџерс (Шкотска)
Милан Ристовски – Бохемианс 1905 (Чешка)
Дарко Чурлинов – Коџаелиспор (Турција)
Александар Трајковски – без клуб
Елмин Растодер – Тун (Швајцарија)
Кристијан Трапановски – Данди Јунајтед (Шкотска)
Лирим Ќамили – Сендерјиске (Данска)

Собирот на репрезентацијата е закажан за 10 ноември (понеделник), a ќе се тренира на Тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Ново Лисиче, Скопје.

реклама

Фудбал

ФИФА враќа правило кое не се применуваше 20 години

Read more

Анчелоти: Немаме лесна група, ќе биде тешко

Read more

УЕФА му ја намали казната на Луис Диас

Read more

Лион среде скандал: Како клубот направил фиктивни трансфери вредни 120 милиони евра?

Read more
 

Спорт

ФИФА враќа правило кое не се применуваше 20 години

Читај повеќе

Анчелоти: Немаме лесна група, ќе биде тешко

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ за полувреме уфрли 30 поени и донесе пресврт за Денвер

Читај повеќе

УЕФА му ја намали казната на Луис Диас

Читај повеќе

Лион среде скандал: Како клубот направил фиктивни трансфери вредни 120 милиони евра?

Читај повеќе

Артета за набиениот распоред: Ова е премногу, играчите не се машини

Читај повеќе

Жорди Алба се збогува со фудбалот во финалето на МЛС

Читај повеќе

Фламенгу го слави Фелипе Луис, за 14 месеци освои 5 трофеи

Читај повеќе

Газдата на Брајтон вмешан во обложувачка афера

Читај повеќе