Шченсни отворено за цигарите: Ја изгубив битката, не следете го мојот пример

Одличниот голман на Барселона, Војчех Шченсни, зборуваше за своите проблеми со тутунот во едно големо интервју за ESPN и откри дека „ја изгубил битката“. Ги замоли младите да не ги следат неговите стапки.

Шченсни (35) брзо стана омилен играч на навивачите откако се врати од пензија за да му помогне на каталонскиот клуб. Му се приклучи на клубот во октомври и оттогаш загуби само еднаш.

Брилијантниот Полјак играше за Арсенал, Рома, Јувентус и сега за Барселона, а за време на неговата славна кариера безброј пати беше фотографиран со цигара в уста. Честопати во соблекувалните на овие клубови.

Што се однесува до неговата фудбалска кариера, таа беше беспрекорна, но сега отворено проговори за своите проблеми со тутунот и ги замоли младите да не го следат во оваа ужасна навика.

„Постојат некои работи во играта каде што верувам дека можам да бидам совршен пример за младите луѓе или за моите соиграчи. Исто така, постојат некои работи што е подобро да не се следат. Се обидувам да бидам најдобрата верзија од себе и да дадам добар пример за моите соиграчи и децата што нè гледаат“, изјави Шченсни за ESPN.

Потоа зборуваше за проблемот со пушењето што ја обележа неговата кариера.

„Во врска со пушењето, ве молам не ме следете и не правете го тоа. Ја изгубив борбата. Кога бев многу млад ја развив оваа негативна навика. Знам колку е негативна за мене и дека само губам. Затоа, сите што го гледате ова, не правете го она што го направив јас“, додаде Полјакот.

Она што е необично е што Шченсни е еден од ретките фудбалери кој искрено зборувал за темата пушење и признал дека консумира тутун. Иако има значително повеќе примери, никој пред Полјакот не се удостоил да признае таква негативна навика.

Тој откри дека „не лаже затоа што не е политичар“, само се брани и зборува искрено.

реклама

Фудбал

Случај Свилар: Сака да брани за Белгија, но не може, може да брани за Србија ама не сака

Read more

Шкотската химна среде Скопје ечеше појако од македонската

Read more

Паника во Манчестер Сити: Халанд со приватен авион ја напушти Португалија

Read more

Пјаниќ откри како го надитриле Роналдо за да не изведе клучен слободен удар

Read more

Спорт

Случај Свилар: Сака да брани за Белгија, но не може, може да брани за Србија ама не сака

Читај повеќе
  • play_arrow

Шкотската химна среде Скопје ечеше појако од македонската

Читај повеќе

Паника во Манчестер Сити: Халанд со приватен авион ја напушти Португалија

Читај повеќе

Прескап пех на Расел во Малезија: Титулата е (не)возможна мисија

Читај повеќе
  • play_arrow

Пјаниќ откри како го надитриле Роналдо за да не изведе клучен слободен удар

Читај повеќе

Конте навестува за иднината: Сакам да одам во клуб каде што има притисок

Читај повеќе

Каде исчезна моќната Германија?

Читај повеќе

Жезуш: Ако Роналдо сака да се врати, ќе се врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Лудница во Малезија: Триумф на Верстапен по 303 дена, блескава трка за Хамилтон, кошмарна за Расел

Читај повеќе