Шченсни: Преку глава ми е од ова страдање

Резервниот голман на Барселона, Војчех Шченсни (35), даде интервју за полското издание на списанието GQ. Полскиот голман се потсети на врската со својот татко, исто така поранешен голман Мачеј Шченсни, која му остави длабоки лузни.

„Како дете, едноставно се плашев од татко ми. Не мислам на стравот од физичка болка или дека ќе ме удри по задникот, туку на фактот дека намерно ме засрамуваше јавно пред странци. Ме понижуваше. Ме оставаше да размислувам: ‘Тато, зошто ми го правиш ова?’“, рече 35-годишниот Шчесни, кој играл за Арсенал, Брентфорд, Рома, Јувентус и Барселона, со кои има договор до летото 2027 година.

И покрај сè, тој негира дека неговата кариера била обид да се натпреварува со својот татко. „Никогаш не го гледав моето патување како дуел со него. Одев на тренинг убеден дека ќе бидам напаѓач, а не голман. Тренерите беа тие што одлучија дека ќе бидам дефанзивец.“

Шченсни призна дека има голема љубов кон храната, што понекогаш му предизвикува проблеми во професионалниот спорт, каде што тежината е строго контролирана.

„Обожавам да јадам. Иако успевам да останам во рамките на дозволената тежина, го срушив рекордот на Барселона за процент на телесни масти“, призна тој. Додаде дека неговиот соиграч од репрезентацијата Роберт Левандовски често се шегувал за него.

„Еднаш, Леви, потсмевајќи ме во соблекувалната на полската репрезентација, рече: ‘Како можеше Шченсни да има таква кариера со такво тело?’“, се присети голманот, кој има девет настапи за Барселона оваа сезона.

Тој ја гледа конзистентноста како клуч за неговата долговечност.

„Не бев играч кој тренираше повеќе од другите, но успеав да го одржам истото високо ниво во текот на мојата 18-годишна кариера. Можеби никогаш не стигнав до совршена десетка, но никогаш не паднав под осумка.“

Полјакот откри дека бил на работ на пензионирање пред повикот од Каталонија.

„Не е тоа што ја изгубив страста за фудбал... Само не бев возбуден од понудите. Најдобрите клубови нудеа договори, но не стануваше збор за зголемување на мојата цена. Не сакав да играм само за пари“, објасни тој.

„Три дена пред да го објавам моето пензионирање, дури му кажав на Леви дека повеќе не сакам да играм за ниту еден клуб освен ако не е Барселона. Кога се јавија, веројатно знаеја дека можат да ме убедат.“

Финансиските услови беа уникатни.

„Ја одиграв мојата прва сезона во Барселона бесплатно. Она што го добив од Барса беше токму она што морав да му го вратам на Јуве за предвременото раскинување на мојот договор“, рече Полјакот.

Поради тешка фрактура на двете подлактици, која ја доби во 2008 година додека играше за Арсенал, Шчесни сè уште ги трпи последиците и носи железни плочи во рацете.

„Доаѓа момент за време на тренинг кога целосно го губам чувството во рацете и не можам ниту шише вода да држам од болка. Потоа тренерите и јас се шегуваме дека тренингот завршил затоа што повторно сум ‘парализиран’, но реалноста е дека ми е преку глава од ова страдање“, рече Шченсни.

Конечно, тој сподели анегдота што го покажува неговиот карактер и лидерски вештини. По елиминацијата на Барселона од Лигата на шампионите против Интер, тој го утеши својот млад соиграч Жерар Мартин.

„Го прашав: ‘Зошто плачеш?’ и тој ми рече дека го загубивме полуфиналето. Потоа го потсетив на неговата приказна. ‘Каде беше пред две години? Играше просечен фудбал на кој било стадион. А денес, човече, играше во полуфиналето на Лигата на шампионите!’“, раскажа Шченсни, продолжувајќи:

„Ќе изгубиш сто важни натпревари, ќе победиш уште сто. Но, види каде си денес. Човече, ова е тоалетот на Сан Сиро, а играше во полуфиналето на Лигата на шампионите. Велиш дека изгубивме. Па, изгубивме, но види колку далеку си стигнал.“

реклама

Зетот на Трамп има визија: Крои нова карта на Европа

Read more

Кумот на AI: Ни се заканува колапс на банките и електричната енергија уште годинава

Read more

Лекот за мрзливи црева се става во утринското кафе, а ќе ве чини 50 денари месечно

Read more

Како телото ви праќа знаци дека имате покачен холестерол?

Read more

Фудбал

Голема победа на фудбалерите до 17 години: Синот на Стевица Ристиќ ја тресна Унгарија

Read more

Лигата одлучи: На Ливерпул му бил ускратен пенал против Арсенал

Read more

Аријан Адеми: Леко е идеален тренер, со него Динамо ќе стане шампион

Read more

Ванда Нара го пријави Икарди во полиција дека ја удрил едната ќерка

Read more

Спорт

Дејмон Хил има решение за проблемите во Ферари: Хамилтон мора да биде возач број еден

Читај повеќе

Голема победа на фудбалерите до 17 години: Синот на Стевица Ристиќ ја тресна Унгарија

Читај повеќе
  • play_arrow

Лигата одлучи: На Ливерпул му бил ускратен пенал против Арсенал

Читај повеќе

Аријан Адеми: Леко е идеален тренер, со него Динамо ќе стане шампион

Читај повеќе
  • play_arrow

Ванда Нара го пријави Икарди во полиција дека ја удрил едната ќерка

Читај повеќе
  • play_arrow

Времеплов: Кога Финикс постигна 173 поени против Денвер без ниту една тројка

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас има редок бисер: Купер Флег го направи она што само Кевин Дурент го можеше

Читај повеќе
  • play_arrow

Диоманде стана незаменлив: 7 натпревари и исто толку победи за Реал Мадрид

Читај повеќе

Лацио и Рома влегоа во историјата на Серија А, непоразениот римски тандем го брка Интер

Читај повеќе