Македонскиот шампион на денешната жрепка ги дозна потенцијалните противници за третото квалификациско коло.
Шкендија утре од 20:00 чаост на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ја пречекува романска ФЧСБ во првиот натпревар од второто квалификациско коло, додека реваншот е наредната среда.
УЕФА денеска ја направи жрепката за третото коло. Доколку Шкендија успее да го елиминира романскиот гигант, порано познат како Стеауа, во третото коло ќе игра со победникот од дуелот меѓу ирскиот шампион Шелбурн и азербејџанскиот првак Карабах.
Тоа се два противника со кои тетовци никогаш немаат играно. Од азербејџанските клубови досега Шкендија има играно со Нефтчи и Сумкај'т, со двата во Лига Европа, додека никогаш се нема сретнато со тим од Ирска.
Натпреварите од третото коло ќе се играат на 5/6 и на 12 август.
Доколку Шкендија не успее да ја мине ФЧСБ, тогаш ќе продолжи во Конференциската лига.