1.МФЛ 2025/2026

Шкендија ја совлада Струга во дербито, Тиквеш броеше до 6 против Шкупи

Филип Здравески
/ 10.02.2026 / 15:57

По двомесечна зимска пауза денеска конечно почна втората полусезона во најдобрата македонска фудбалска лига, а на програмата беа два натпревара.

Очекувано, Тиквеш условно како гостин во Кавадарци лчесно излезе на крај со крпениот тим на Шкупи. уште на полувреме бодовите беа обезбедени бидејќи кавадарчани на пауза заминаа во водство од 4:0, кои во вториот дел го зголемија за конечни 6:0.

Remote video URL

Многу понеизвесно беше во Тетово каде копјата ги вкрстија Шкендија и Струга, трето и второпласираните екипи на табелата. Во тврда, но активна игра со многу борбеност од двете страни, на пауза се замина без голови. Во вториот дел иста слика, а како одминуваше времето домаќините ја презедоа иницијативата и притиснаа. Притисокот вроди плод во 78. минута кога по ударот од далечина на Бесарт Ибраими, гостинскиот голман Марко Анџелети ја изби топката, налета Александер Трумчи и несебично додаде лево до Себастјан Спахиу, кои непречен од никого ја затресе мрежата на стружани.

Гостите од Струга не само што не успеаја да го загрозат домашниот гол, туку примија и втор гол кога Спахиу на тацна му намести на зимското засилување Ндзенге.

Шкендија освои важни три бода во борбата да фати приклучок кон врвот, но од овој резултат задоволен е и Вардар, кој со победа утре над Арсими може да се одлопи на +4 на врвот.

Стадион „Градски“ во Кавадарци
Тиквеш - Шкупи 6:0 (4:0)
Стрелци: 9', 61', 76' Берат Садик, 20' Кристијан Стојкоски, 23' Данаил Тасев, 45' Давид Голубов
Главен судија: Димитар Пилешков (Штип)

Стадион „Градски“ во Тетово
Шкендија - Струга 2:0 (0:0)
Стрелци: 78' Себастјан Спахиу, 88' Фахд Ндзенге
Главен судија: Игор Стојчевски (Скопје)

Останатите натпревари од ова 17-то коло се играат в среда и четврток, додека веќе в петок почнува 18-тото коло.

Табела:

реклама

Колку долго јајцата можат да се остават надвор од фрижидер?

Read more

Бомбата што никој не ја очекуваше: Ливерпул го потпиша капитенот на Барселона

Read more

Американска компанија стигна на Гренланд: Ќе дупчи за нафта без дозвола од локалните власти

Read more

Уапсен возач од Арачиново кој избегал по несреќата во Радишани во која загина 19-годишен мотоциклист

Read more

Фудбал

Мурињо практикува строгост во Реал: Едно правило спротивно на желбите на Мбапе

Read more

Бомбата што никој не ја очекуваше: Ливерпул го потпиша капитенот на Барселона

Read more

Винисиус го продолжи договорот со Реал

Read more

Тајните на ФБИ од СП го шокираа светот: Влегувам на стадионот за да го разнесам Меси со 4 бомби

Read more

Спорт

Мурињо практикува строгост во Реал: Едно правило спротивно на желбите на Мбапе

Читај повеќе

Бомбата што никој не ја очекуваше: Ливерпул го потпиша капитенот на Барселона

Читај повеќе

Винисиус го продолжи договорот со Реал

Читај повеќе

Тајните на ФБИ од СП го шокираа светот: Влегувам на стадионот за да го разнесам Меси со 4 бомби

Читај повеќе

Откажан натпреварот на Барса во Мароко поради мигрантската криза

Читај повеќе

Инфантино доби поддршка од Африка, Аргентина и Мексико

Читај повеќе

Манчини го комплетираше тренерскиот штаб на Италија: Бонучи е последна аквизиција

Читај повеќе

Неговиот совет мора да се послуша: Пеп го убедил Родри да го одбие Реал и да оди во Барса

Читај повеќе
  • play_arrow

Маркес: Фаворит сум за титулата, но уште една нема да ми го промени животот

Читај повеќе