КУП НА МАКЕДОНИЈА 2025/2026

Шкендија на пенали ја потопи Струга и ја продолжи потерата по куп пехарот

Филип Здравески
/ 18.03.2026 / 17:21

Шкендија е последниот полуфиналист во Купот на Македонија откако денеска ја победи Струга на пенали во одложената четвртфинална битка.

Играчите на Шкендија го слават по последниот пенал; Фото: ФК Шкендија Тетово

фотографија од ФК Струга Трим-Лум: Хамза го слави убавецот од слободниот удар

Домаќините поведоа преку Радески по 13 минути игра кога поранешниот македонски репрезентативец се најде сам во шеснаесетникот по нафрлувањето од левата страна на сенегалскиот интернационалец Папе Фол.

Шкендија долго време се обидуваше да израмни, а тоа конечно се случи на 20 минути пред крајот кога ветеранот голгетер Ибраими го совлада домашниот голман Анџелети.

Сепак, дванаесетина минути подоцна, латералниот репрезентативец на Македонија до 21 година, Хамза, постигна прекрасен гол од слободен удар и ѝ донесе нова предност на Струга.

Кога сите помислија дека финалистот од минатата сезона ќе биде во полуфиналето, новопечениот македонски репрезентативец Имран Фетаи постигна гол за 2:2 длабоко во судиското продолжение и го однесе натпреварот во пенал-рулет.

Домашниот Јевтоски беше трагичар во пенал серијата откако неговиот удар заврши надвор од голот, па Шкендија го обезбеди своето место во полуфинале каде што ќе се соочи со второлигашот Шкендија 77 од Арачиново. Другиот полуфинален дуел е помеѓу Охрид Лихнидос и Силекс.

Стадион „Градска Плажа“ во Струга
Струга – Шкендија 2:2 (1:0); 4:5 пен
ГолоСтрелциви: 13′ Марјан Радески, 82′ Меметриза Хамза – 70′ Бесарт Ибраими, 90′+4 Имран Фетаи
Судија: Фатмир Бафто (Охрид)

реклама

Европа ќе гори до крајот на мај: Се формира рекордна топлотна купола 

Read more

Сликичката им треба, ама гага

Read more

9 совети како да го стопите салото на стомакот со пешачење

Read more

Рецепт за брза вечера: Ризото со печурки

Read more

Фудбал

Огромни промени за фудбалските репрезентации: Што смени УЕФА?

Read more

Врие во соблекувалната на Реал: Борба за моќ меѓу Мбапе и Винисиус

Read more

Роналдо го вика Пеп: Саудијците му нудат пари што обичен смртник не може ни да ги замисли

Read more

Еден од најбогатите луѓе во светот планира да го доведе Клоп

Read more
 

Спорт

Огромни промени за фудбалските репрезентации: Што смени УЕФА?

Читај повеќе

Врие во соблекувалната на Реал: Борба за моќ меѓу Мбапе и Винисиус

Читај повеќе

Роналдо го вика Пеп: Саудијците му нудат пари што обичен смртник не може ни да ги замисли

Читај повеќе

Еден од најбогатите луѓе во светот планира да го доведе Клоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Навивачот статуа ќе оди на Светско: ДР Конго го вклучи во официјалната делегација

Читај повеќе
  • play_arrow

Борба за првиот европски трофеј сезонава: Фрајбург сонува за историја, Вила брка враќање на тронот

Читај повеќе

Азар: Ја сакав 10-ката на Модриќ, не ми ја даде

Читај повеќе
  • play_arrow

Брансон ги предводеше Никс до голем пресврт и победа над Кавс во првото финале на Истокот

Читај повеќе
  • play_arrow

Како играчите на Арсенал ја прославија титулата во Премиер лига

Читај повеќе