уефа лига на нации 2026/2027 лига б

Шкотската химна среде Скопје ечеше појако од македонската

Филип Здравески
/ 05.10.2026 / 20:33

Околу 3 илјади и 500 шкотски навивачи громогласно ја испеаја „Цветот на Шкотска“, химната на Шкотка, и како никогаш досега направија странска химна да ечи погласно од македонската на фудбалски меч среде Скопје.

Remote video URL

Според официјалните податоци на УЕФА на саботниот натпревар од Лига Б на Лигата на нации на Националната арена „Тодор Проески“ присуствувале вкупно 8.256 гледачи. Од нив, околу 3.500 беа гостински навивачи, што е речиси половина.

Шкотланѓаните уште пред првиот судиски свиреж покажаа дека Шкотска ќе игра речиси како да е дома: во еден глас ја испеаја својата химна (Шкотска официјално нема химна), за разлика од македонските навивачи кои едвај се слушаа. Никогаш досега не се случило „Денес над Македонија“ да биде вака надвикана среде Скопје, среде македонската престолнина.

„Flower of Scotland“ (Цветот на Шкотска) е шкотска патриотска песна која често се користи како неофицијална национална химна на Шкотска. Напишана во средината на 60-тите години од страна на фолк-музичарот Рој Вилијамсон, нејзиниот текст ја опишува победата на Роберт Брус, кралот на Шкотите, над Едвард II, кралот на Англија, во Битката кај Банокбурн во 1314 година. Поради својата историска поврзаност со Војните за шкотска независност, таа ги повикува современите Шкоти повторно да се воздигнат како нација и да се потсетат на денот кога нивните предци ги одбиле англиските освојувачи предводени од Едвард.

Remote video URL
реклама

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Read more

Време на зимници: Како да направите домашен сок од јаболка?

Read more

Како пиењето кафе на празен стомак влијае на здравјето?

Read more

Кос: Добив јасни сигнали дека нема смисла да барам средба со Јанша

Read more

Фудбал

Крај на една ера: Португалија го објави првиот состав без Роналдо

Read more

Мауро Икарди очајнички сака да се врати во Серија А: Му се нуди на Интер, би се преселил и во Јуве

Read more

Инфантино му оддаде почит на Роналдо: Постигна подвизи што можеби никогаш нема да се повторат

Read more

Кој е 17-годишниот вундеркинд кој доби повик од Клоп?

Read more

Спорт

Крај на една ера: Португалија го објави првиот состав без Роналдо

Читај повеќе

Хамилтон стои зад критиките кон Леклер: Никогаш нема да се извинам 

Читај повеќе

Мауро Икарди очајнички сака да се врати во Серија А: Му се нуди на Интер, би се преселил и во Јуве

Читај повеќе

Инфантино му оддаде почит на Роналдо: Постигна подвизи што можеби никогаш нема да се повторат

Читај повеќе
  • play_arrow

Кој е 17-годишниот вундеркинд кој доби повик од Клоп?

Читај повеќе

Недопирливо наследство: Засега никој нема да ја носи „десетката“ на Меси

Читај повеќе

Роналдо не сака ни проштален натпревар за Португалија

Читај повеќе
  • play_arrow

Доктор ја објаснува трагедијата со смртта на Хесус де Мигел

Читај повеќе
  • play_arrow

Соборен Гинисов рекорд: 51 исклучување на еден натпревар во Бразил

Читај повеќе