Гинисовата книга на рекорди по завршувањето на Светското првенство објави дека Шпанија соборила 4 рекорди во својата потрага по освојување на златниот пехар на ФИФА.
Како што беше објавено на официјалната веб-страница на Гинисовата книга на рекорди, Шпанија има најмногу натпревари без примен гол во историјата на Светските првенства - 7, прими само еден гол од Белгија и го собори сопствениот рекорд од Мундијалот 2010 кога прими 2.
Потоа, ја продолжи својата серија без пораз во сите натпреварувања на 38, а со 65 години, Луис де ла Фуенте стана најстариот тренер што го освоил Светското првенство.
Шпанија, исто така, успеа да ги обедини европските и светските круни, откако го освои Стариот континент на изданието во 2024 година во Германија. Популарната Црвена фурија беше светски шампион во 2010 година, а европски шампион во 2008 и 2012 година.
All the records Spain broke during the World Cup:
— Guinness World Records (@GWR) July 19, 2026
Most clean sheets - 7
Least goals conceded - 1
Oldest Manager to win the World Cup - Luis de la Fuente
Longest unbeaten run in competitive Men’s matches - 38
🇪🇸 🇪🇸 🇪🇸
Шпанците доминиrаа и во индивидуалните награди. Пау Кубарси беше прогласен за најдобар млад играч, Унаи Симон за најдобар голман, а Родри за најдобар играч на турнирот. Само Килјан Мбапе се вмеша во пидесталот бидејќи со 10-те потигнати голови бепше најдобар стрелец.