УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2025/2026 ЧЕТВРТФИНАЛЕ

Симеоне: Мојот кошмар беше Роналдо, не ме плаши Јамал со неговите трикови

Аргентинскиот стратег и по завршениот двобој го провоцираше Ламин Јамал, а видеото како го испраќа на спиење стана вирално.

Атлетико се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите и покрај поразот од 2:1 од Барселона во четвртфиналниот реванш.

Клучна беше победата на Атлетико од 2:0 на гости во првиот натпревар, што им донесе вкупна предност и место меѓу четирите најдобри екипи во Европа.

Барселона го отвори реваншот брилијантно, со Ламин Јамал кој постигна гол во 4. минута, пред Феран Торес да го дуплира водството 20 минути подоцна.

Сепак, решавачкиот момент се случи во 31. минута кога Адемола Лукман постигна гол за Атлетико, обезбедувајќи му пласман на својот тим во следната рунда.

По натпреварот, тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, беше во центарот на вниманието. Видео од неговата реакција стана вирално на социјалните мрежи, а многу корисници тврдеа дека тој испратил јасна порака до навивачите на Барселона и Ламин Јамал дека „можат да одат на спиење“.

„Јамал е добро и талентирано момче. Бараше да игра еден на еден, па постигна гол во третата минута. Тогаш медиумите почнаа да го крунисуваат за крал на Европа. Сепак, во фудбалот, единственото нешто што е важно е кој е во жрепката утре наутро. Медиумите сакаат да се плашам од тинејџер затоа што изведува трикови и дава самоуверени интервјуа. Ајде, ве молам“, го започна Симеоне своето обраќање до медиумите по натпреварот, додавајќи:

„Десет години морав да стојам на аут-линијата и да го гледам Кристијано Роналдо како постигнува хет-трикови против мене за да го исфрли мојот тим од ова натпреварување. Тоа е вистински хорор. Ламин одигра одличен натпревар синоќа, но реалноста е дека одиме во полуфиналето, а тој си оди дома да нè гледа на телевизија. Постои голема разлика помеѓу играње одличен натпревар и тоа да бидеш кошмар.“

Видеото доби дополнителна популарност откако го сподели познатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо.

Атлетико го продолжува своето европско патување, додека Барселона, и покрај големата борба во реваншот, го завршува настапот во Лигата на шампионите.

реклама

Зетот на Трамп има визија: Крои нова карта на Европа

Read more

Кумот на AI: Ни се заканува колапс на банките и електричната енергија уште годинава

Read more

Лекот за мрзливи црева се става во утринското кафе, а ќе ве чини 50 денари месечно

Read more

Како телото ви праќа знаци дека имате покачен холестерол?

Read more

Фудбал

Голема победа на фудбалерите до 17 години: Синот на Стевица Ристиќ ја тресна Унгарија

Read more

Лигата одлучи: На Ливерпул му бил ускратен пенал против Арсенал

Read more

Аријан Адеми: Леко е идеален тренер, со него Динамо ќе стане шампион

Read more

Ванда Нара го пријави Икарди во полиција дека ја удрил едната ќерка

Read more

Спорт

Дејмон Хил има решение за проблемите во Ферари: Хамилтон мора да биде возач број еден

Читај повеќе

Голема победа на фудбалерите до 17 години: Синот на Стевица Ристиќ ја тресна Унгарија

Читај повеќе
  • play_arrow

Лигата одлучи: На Ливерпул му бил ускратен пенал против Арсенал

Читај повеќе

Аријан Адеми: Леко е идеален тренер, со него Динамо ќе стане шампион

Читај повеќе
  • play_arrow

Ванда Нара го пријави Икарди во полиција дека ја удрил едната ќерка

Читај повеќе
  • play_arrow

Времеплов: Кога Финикс постигна 173 поени против Денвер без ниту една тројка

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас има редок бисер: Купер Флег го направи она што само Кевин Дурент го можеше

Читај повеќе
  • play_arrow

Диоманде стана незаменлив: 7 натпревари и исто толку победи за Реал Мадрид

Читај повеќе

Лацио и Рома влегоа во историјата на Серија А, непоразениот римски тандем го брка Интер

Читај повеќе